Велат дека е скршено срце она…
Седев така стуткана во седиштето и со главата потпрена на воланот. Не постоеше посигурно место на светот од ова. Овде бев сама, овде бев своја, овде бев сигурна и заштитена. Единствено место на светот каде можев да ја испуштам и душата, да ја отворам и да си дозволам да бидам искрена самата со себе. Да […]
Мала за љубов…
“Девојче, не можеш ти тоа да го разбереш. Не го очекувај тоа од мене. Нема да го добиеш. Мала си. Не разбираш!” – уште еден удар од неговите усни. И ја тресна вратата од неговото срце, иако знаеше дека не го заслужува тоа. Како да чекаше да се откаже. Тој сметаше дека така е подобро […]
Виновникот за палетата од бои
Денес е… пролет. Навистина е. За мене е. Секој ден, веќе долго време без разлика дали врел песок, жолти лисја или снег се топат под моите стапала, јас чуствувам само мирис на пролет. И понекогаш подскокнувам додека одам. Да, токму така! Како дете кое се радува разгалено од…
Јас од секогаш те сакав…
Беше 21-ви декември дваесет и еден часот и четириесетина минути. Се потпре на клупата и го погледна во недоверба. Стоеше на два метра од неа и збунето гледаше пред себе без да се помрдне. “Дојди” – изусти таа тивко подавајќи му ја раката. Тој ја погледна безизразно, се доближи и без збор и ги зема […]
Незаборавно и неповратно…
Дожд, ладно… само една насмевка, очи полни несигурност и прегратка… Една вечер… Вечер во која за прв пат си дозволив да бидам онаа личност која навистина сум, си дозволив да се опуштам, и да бидам правата јас, без лаги, без криење… Росеше… најубавото нешто…
Мојата вечна љубов за тебе…
Се почна од едно здраво на нет, едно преголемо другарство што дојде до момент тоа другарство да неможе да го сруши ни најголемата сила на светот, ми влезе во срцето потајно, никогаш не ни помислив дека толку ќе ми станеш мила и драга и дека ќе те засакам до толку, но за жал не ми беше […]
Колку има вакви врски…
Си ги земавме зборовите еден со друг од уста… мислевме за исти работи и зборувавме за нив на ист начин… така што изгледаше како од секогаш да се познаваме… Беше осум години помлада од мене, и несебично и ја покажував патеката по која треба да се движи… И кажував како во животот на секој…
За тебе…
Знам дека си ветив дека нема да се навраќам на минатото и да живеам во спомени,и самиот ми кажа “минатото е изгубена битка”…сфаќам дека тоа навистина е така, минатото навистина е изгубена битка, нешто што не можеш да го смениш. Читајќи ја и последната порака од тебе, ме обзема чувство на тага, болка, горчина, копнеж по […]
Јас и Ти!
Колку ли чувства има во нас. Постои ли миг кога ќе одмориме од нас. Ќе има ли миг кога нема да те посакувам, ќе има ли миг кога нема да мислам постојано на тебе, ќе има ли миг кога ќе ми се смири душава од тебе. Ако јас би одлучувал, тој миг не сакам никогаш […]
Што сум?
… Што сум? Човек? Животно? Робот? Овие неколку денови наназад, постојано се прашувам што сум?… Будала? Да… сигурно тоа сум !!!