Подарок огромен ти…
Пријатели се оние кои доаѓаат, кога сите си одат. Пријатели се тие кои те насмевнуваат. И во овој убав ден, на овој весел ден, твојот роденден, подарок огромен ти дарувам, и искрено те поздравувам. Среќен роденден!
Ти посакувам…
Ти посакувам здравје, затоа што без него – ништо друго нема значење. Несопирлив стремеж кон знаење, затоа што тоа ќе те научи на вистинските вредности на животот и како да се заштитиш од бедите на следната желба – љубовта, затоа што тоа е доволно добра цел во животот.
Мислам само на тебе…
Низ мојот живот минуваат луѓе и оставаат некоја трага, но ти си нешто навистина посебно. Илјадници луѓе слават роденден денес, но јас мислам само на тебе, срце мое.
Денес ти е роденден…
Роденден…значи денес ти е роденден…ајде вака-досега ти биле среќни сигурно…овој денес нека ти е посреќен од минатите, а за понатаму здравје па ќе се слушниме до година!!!
Нека ти биде среќна
Нека ти биде среќна секоја секунда од денешниот ден, а среќата нека потрае засекогаш за да секој роденден ти биде посреќен од претходниот.
Нека љубовта ти биде…
Нека љубовта ти биде преокупација,среќата доминација,убавината провокација,а успехот афирмација…Среќен Роденден