Ти посакувам доволно…

Ти посакувам доволно сонце, за погледот да ти биде светол! Ти посакувам доволно дожд, за да го цениш сонцето уште повеќе! Ти посакувам доволно среќа, за да го запазиш својот дух жив! Ти посакувам доволно…

Да имаш…

Да го имаш здравјето на каменот, да ја дочекаш староста на орлите, да ја имаш љубовта од бајките и парите од банките. Доволно е??? 😛

Срцето од радост…

Очите да ти греат од среќа, срцето од радост да ти чука и сите птички пак да пеат, затоа што денес славиш роденден ти, за многу години!

Некој рекол дека

Некој рекол дека среќата ја сочинуваат мали нешта. Ако тоа е навистина така тогаш тие нешта нека го исполнувааат секој ден од твојот живот. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!