Танцот на љубовта…
По звукот одам…треперам…очекувам немир кога една нота го разигрува срцето и ја гасам жедта кога шепотот твој ја ослободува душата…ја праќа блиску до ѕвездите, едноставно звукот на гитарата ја знае тајната… за танцот на Љубовта!
Не е важно каде си ти а каде јас…
Не е важно каде си ти а каде јас, не е важна ни оваа далечина што не дели – важно е дека си таму каде што треба да бидеш – длабоко во моето срце!
Јас бев повредена…
Јас бев повредена кога губев. Денес сум убедена дека НИКОЈ НЕ ГУБИ НИКОГО , бидејќи НИКОЈ НЕ ПОСЕДУВА НИКОГО. Во тоа е вистинското доживување на љубовта: да се има најскапоценото нешто на светот без да се поседува!
Две воздишки во животот…
Кога би ми останале уште две воздишки во животот, едната би ја искористила за да те бакнам, а другата за да ти кажам колку те сакам.
Нашето пријателство…
И кога времето ќе ги помине границите на својата бескрајност не заборавај дека во овој живот има нешто вредно да се памети НАШЕТО ПРИЈАТЕЛСТВО! – Испратено од Елена
Денес е твој ден…
Денес е твој ден,денес ти е роденден!Ти посакувам многу здравје,среќа и љубов!Срекен роденден! – Испратено од Елена
Нашата љубов мила…
Здогледав една преубава роза, која сеуште беше жива и млада. Се запрашав, како е ли можно да има ваква роза во доцна есен?! Тогаш се сетив, тоа беше нашата љубов мила, љубов која никогаш не изумира! – Испратено од Марија
Уште сто години…
Денес е твојот роденден, свеќи горат сè до небото. Не е важен бројот на свеќите, само да се сите од среќа запалени. Уште сто години нека те следат песните наши љубовни, и во име на тоа крени ја чашата на љубовта горе!
Во тивкото утро…
Во тивкото утро, кога птичка ќе ти го прекине сонот, а отчукувањето на часовникот ќе го означи твојот ден, од сè срце ти посакувам најсреќен и највесел роденден!
Нека твојата љубов…
Нека целата среќа на овој свет ти припаѓа тебе, нека твојата љубов му припаѓа на оној кој најмогу го сакаш, нека сè што е убаво – биде твое! Среќен роденден, срце мое!