Стотици луѓе ја бараат…
Стотици луѓе ја бараат среќата, илјадници убавината, милиони радоста, цел свет љубовта, а јас најдов се! ТЕБЕ
Вечерва некому недостасуваш…
Среќа е што спиеме под исто небо и каде и да се наоѓаш вечерва, дигни ја главата и погледни, ќе чуеш како ѕвездите ти говорат: Еј, ти вечерва некому недостасуваш…
Слатко сонувај, љубов моја…
Сонцето веќе одамна потона на запад, небото шара со ѕвездена боја, а јас по ветрот тивок шепот ти праќам: слатко сонувај, љубов моја.
Нека ѕвездите го покријат…
Нека ѕвездите го покријат твоето небо, месечината заспие во твојата насмевка, љубовта го насели твоето срце, а јас твоите соништа. Убаво да спиеш и сонуваш срце мое!
Срцето наоѓа…
Разумот може да ни каже што треба да одбегнеме, но само срцето може да ни каже што треба да сториме, или пак велат, умот бара, но срцето наоѓа…
Срцето ми побегна…
Срцето ми побегна, само ми остави порака дека заминало кај тебе, па ако го видиш земи го кај себе, не му дозволувај да лута и пушти го крај срцето свое засекогаш нека биде твое.
Во твоите очи…
Знаеш, вечерва ги броев ѕвездите и забележав дека некои фалат, но тогаш се сетив дека се скриени во твоите очи…
Месечината ќе ти рече дека…
Месечината ќе ти рече дека мислам на тебе, ѕвездите ќе ти кажат дека си дел од мене, ветрот ќе ти ја донесе љубовта моја, а на сетоа тоа ти стави ја насмевката своја.
Во моето срце…
Убаво е чувството кога постоиш во мојот живот и не е важно колку, а ни од кога, ниту пак зошто… Убаво е да ги отвориш очите и едноставно да видиш дека си тука, во моето срце…
Надеж во вечноста…
Бог не ни ветил насмевка без солзи, пат без трње, радост без тага. Но ни дарувал ЉУБОВ кон луѓето, ВЕРА во животот, НАДЕЖ во вечноста !!!