Ти посакувам…
Ти посакувам здравје, затоа што без него – ништо друго нема значење. Несопирлив стремеж кон знаење, затоа што тоа ќе те научи на вистинските вредности на животот и како да се заштитиш од бедите на следната желба – љубовта, затоа што тоа е доволно добра цел во животот.
Да имаш…
Да го имаш здравјето на каменот, да ја дочекаш староста на орлите, да ја имаш љубовта од бајките и парите од банките. Доволно е??? 😛
Мислам само на тебе…
Низ мојот живот минуваат луѓе и оставаат некоја трага, но ти си нешто навистина посебно. Илјадници луѓе слават роденден денес, но јас мислам само на тебе, срце мое.
Тоа бев знај јас…
Кога стрелките на часовникот ќе се спојат, во 00:00 часот, од тишината – звук се роди. Тоа бев знај јас, во таа прекрасна минута ти го честитав роденденот на глас.
Јас и ти…
Јас сум шеќерче, ти си мед, заедно сме сладолед.
Добив 1
Учев за 5, научив за 4, одговарав за 3, добив 2, а јас сакам само 1…Тебе
Ако некогаш…
Ако некогаш доживееш пораз, не дозволувај солза да заблеска на твојот образ, затоа што суровите луѓе на урнатините на твојата среќа ќе изградат спомени на победа.
Нема ден…
Нема ден, нема ноќ да не помислам на тебе, иако си далеку, те чувам во себе, посакувам да сум во срцето твое, ангелче мое.
Двајца…
Двајца се сретнале, две насмевки светнале, застанале и вљубени останале. <3
Само еден…
1000 сретнувај, 100 запознавај, 10 сакај, но само еден и само еден љуби!