Ти праќам ѕвезда…
Ти праќам ѕвезда да ти го покаже патот до мене, ти праќам бакнеж да ти покаже колку мислам на тебе, ти го праќам моето срце да ти покаже колку чука за тебе.
Шифра “Те сакам“
Запиши ме во именикот под шифра “ТЕ САКАМ“ и секогаш кога ќе ти титнам ќе знаеш што ќе ти кажам.
Докторот вели…
Во срцето мое нешто гори, докторот вели нема што да се стори, затоа дојди мила моја, за да ме излечиш со прегратка своја.
Велат дека…
Велат дека постои некој што лечи со љубов…а тоа си ти, кој како заразна болест тече низ моиве вени, па ако си вљубен дојди излечиме.
Ако заминеш ти…
Ако заминеш ти знај нема да е исто повеќе, ако го снема твојот сјај кое светло ќе го покрие мојот свет мојот свет бејбе без тебе!!! Од Кети Т.
Бакнежот е средба…
Бакнежот е средба најубава на свет, мост по кој си идат душите во пресрет!!! Од Кети Т.
Нека оваа година…
Нека оваа година биде роман на твојот живот, а секоја негова страница твоја исполнета желба-СРЕЌЕН РОДЕНДЕН.
Роденденска порака…
Нека оваа порака стигне до тебе, нека те гушне место мене, нека те бакне на овој ден и нека ти посака СРЕЌЕН РОДЕНДЕН.
Посебен ден…
Изгледа како и секој ден. Но е посебен. Бидејќи ти е роденден. Имај добро здравје, среќа, и смеј се, затоа што насмевката ти е најубава облека!
Среќни моменти…
Ти посакувам толку здравје, за да ја зачудиш медицината! Толку среќа за да ти завидат и ангелите. Толку пари за да ти завидат и милионерите. И толку среќни моменти, што ќе ги делиш со сите околу тебе!!!