Што да ти посакам?
Што да ти посакам? Убавината си ја имаш. Среќата ти е во срцето. Ум? Тој ти е достапен, за да живееш така како што сакаш. Љубов? За што ти е, кога сите околу тебе те сакаат. Тогаш ќе ти посакам: верувај во себе и чекори умерено по патот на животот. Среќен роденден!
Моето срце било…
Моето срце било пијано, болело, давало, земало, губело, но никогаш не било вака заљубено!
Внимавај кого сакаш…
Внимавај кого сакаш, внимавај зошто сакаш, внимавај кој вели дека те сака зошто боли кога не е така!
Лудо и фамозно…
Нездраво, несватливо, тотално незамисливо, невозможно, ненормално, лудо, фамозно, искрено ТЕ САКАМ!
Крадец на моето…
Крадец на моето срце си ти, да те сакам дозволи ми…засекогаш твоја погоди која?
Ако си…
Ако си цвеќе биди роза, ако си месец биди мај, ако си другар биди до крај.
Jас сум само порака…
Не гледај ме така зошто јас сум само смс порака и дојдов да ти кажам дека овај од другата страна што ме испрати не може да живее без тебе и дека многу те сака.
Понекогаш посакувам…
Понекогаш посакувам да заврне дожд за да те потсети на летните дождливи ноќи, понекогаш посакувам да пропече сонце за да те потсети на летните прошетки, понекогаш посакувам ветер да задува за да те донесе до мене и да ти кажам колку те сакам.
Кога тагата ќе…
Кога тагата ќе те скрши, кога ќе видиш дека љубовта сврши, кога срцето те боли, знај дека некој за нежност те моли,кога спијам во сон ќе дојдам да те видам, кај тебе да бидам, да те гушнам и бакнам затоа што само во сон можам да те имам.
Не го сакам Охрид…
Не го сакам Охрид, ниту Струга, те сакам тебе, а ти сакаш друга.