Има моменти кога сакаш…
Има моменти кога сакаш, а желбата не ти е исполнета, кога љубиш, а љубовта не ти е возвратена, кога плачеш, а солзите не можат да протечат, кога она што срцето го чувствува усните не можат да го речат.
И додека сјае сонцето…
И додека сјае сонцето од твоите очи, додека блескаат ѕвезди од твоите зеници, јас ќе бидам разиграна птица во безгрижен лет која пие нектар од твоите усни.
Повеќе би сакал…
Повеќе би сакал да немам ништо, а да те имам тебе, отколку да имам се а тебе не.
Сакам да бидам дел од животот твој…
Сакам да бидам сон во твојата најубава ноќ, сакам да бидам љубов што низ усните ќе ти помини, сакам да бидам мисла во мислите твои, сакам да бидам дел од животот твој.
Ако заспијам ќе те сонувам…
Ако заспијам ќе те сонувам, ако се разбудам ќе те видам, ако те видам ќе се в љубам кажи ми што да правам со тебе???
Прочитана книга…
Никогаш не враќај и се на старата љубов, затоа што таа е прочитана книга и и го знаеш крајот!!!
Да те имам само тебе…
Да немам ништо на светов, ама баш ништо, а да те имам само тебе, би ми било доволно.
Ќе престанам да те сакам…
Ќе престанам да те сакам, ќе престанам да те посакувам, ќе престанам пораки да ти пишувам. Ќе престанам ама кога ќе престанам да дишам.
Кога ќе се разбудиш во ноќта…
Кога ќе се разбудиш во ноќта, погледни низ прозорецот твој и преку најубавата ѕвезда прими го бакнежот мој!
Ќе сакаш некого…
Ќе сакаш некого, ќе сакаш некогаш, но никогаш никого, како некогаш некого!