Може љубов ќе се роди…

Ме гледаш, ме тераш да се насмевнам, се плашиш, а сакаш да ти се приближам. Пушти ноќта да те води кај што сака срцето. Може љубов ќе се роди ако било судено. Сакам да си моја барем вечерва, ѕвезди да ловам во твојата постела. Да те гушнам толку силно како нешто најскапо…

Умирам за тебе…

Нека ме бодат ножеви во срцето, нека болката пече како пекол, нека ме закопаат со солзите на моето лице, јас знам и само тоа знам дека умирам за тебе.

Кога ќе престанеме да…

Кога ќе престанеме да постоиме ние двајца, земјата ќе остане посиромашна за една прекрасна љубов, а небото ќе биде побогато за две ѕвезди.

Две работи…

Да ги паметиш овие две работи: јас секогаш ќе бидам крај тебе, а ти секогаш ќе имаш место кај мене.

Во текот на животот…

Во текот на животот кога многу нешта ќе се променат, не заборавај го мојот лик, а уште помалку моето име и не дозволувај времето да ги избрише спомените и миговите кои ги поминавме заедно, не заборавај ги моите зборови кога прв пат ти кажав ТЕ САКАМ!

Патувај порако моја…

Патувај порако моја, ако таа спие разбуди ја, ако таа учи, бакни ја, ако е тажна развесели ја, а ако е со друг тресни ја! Би ти се подарил целиот, ама така ќе ти здосадам,

Кога наутро ќе се разбудиш…

Кога наутро ќе се разбудиш и почуствуваш бакнеж на усните, шепот на увото и нежно милување по лицето, не плаши се тоа е мојата мисла која лежи до тебе.

Вечева паднаа…

Вечева паднаа 2000 ѕвезди од небото, но јас не посакав 2000 различни желби, туку една ја посакав 2000 пати, со кој и да си, каде и да си, во мислите со мене да си

Најубавиот бакнеж на светот…

Брзо отвори го прозорецот…го отвори?….не ајде!..а сега барај…уште малку, еве го долета само за тебе најубавиот бакнеж на светот.

Замисли си нешто најубаво…

Замисли си нешто најубаво, најслатко, додај на тоа бескрајност, се тоа прошири го со вечност, украси го со ѕвезди, и дури тогаш ќе знаеш барем малку колку ми значиш