Во животот ти си ми се…

Во животот ти си ми се, не те давам не, тој/таа што ќе проба да ми те земе, ќе си има работа со мене и нека пукне од мака зошто ти мене ме сакаш.

Плачам, а солзи немам…

Плачам, а солзи немам, врискам, а глас не испуштам, горам, а сепак не умирам, само болка чувствувам значи, ТЕ САКАМ!!!

Кога ќе го слушнеш звукот…

Кога ќе го слушнеш звукот на камбаната знај дека повеќе ме нема кога ќе си заминат сите од гробот ти дојди помолисе и знај дека има едно мртво срце што те сака.

Има моменти кога сакаш…

Има моменти кога сакаш, а желбата не ти е исполнета, кога љубиш, а љубовта не ти е возвратена, кога плачеш, а солзите не можат да протечат, кога она што срцето го чувствува усните не можат да го речат.

И додека сјае сонцето…

И додека сјае сонцето од твоите очи, додека блескаат ѕвезди од твоите зеници, јас ќе бидам разиграна птица во безгрижен лет која пие нектар од твоите усни.

Повеќе би сакал…

Повеќе би сакал да немам ништо, а да те имам тебе, отколку да имам се а тебе не.

Сакам да бидам дел од животот твој…

Сакам да бидам сон во твојата најубава ноќ, сакам да бидам љубов што низ усните ќе ти помини, сакам да бидам мисла во мислите твои, сакам да бидам дел од животот твој.

Ако заспијам ќе те сонувам…

Ако заспијам ќе те сонувам, ако се разбудам ќе те видам, ако те видам ќе се в љубам кажи ми што да правам со тебе???

Прочитана книга…

Никогаш не враќај и се на старата љубов, затоа што таа е прочитана книга и и го знаеш крајот!!!