Вечева паднаа…

Вечева паднаа 2000 ѕвезди од небото, но јас не посакав 2000 различни желби, туку една ја посакав 2000 пати, со кој и да си, каде и да си, во мислите со мене да си

Најубавиот бакнеж на светот…

Брзо отвори го прозорецот…го отвори?….не ајде!..а сега барај…уште малку, еве го долета само за тебе најубавиот бакнеж на светот.

Замисли си нешто најубаво…

Замисли си нешто најубаво, најслатко, додај на тоа бескрајност, се тоа прошири го со вечност, украси го со ѕвезди, и дури тогаш ќе знаеш барем малку колку ми значиш

Можеби судбината…

Можеби судбината ќе не раздели, можеби животот ќе земе еден дел од нас , но сетисе на тој час кога се запознавме ти и јас

Кога не те гледам…

Кога не те гледам-ослепувам, кога не те слушам – оглувувам, кога не се смеам – тагувам, кога не си тука-полудувам

Да е жив татко ти…

Да е жив татко ти, што ја сретнал мајка ти, што те створиле тебе да ме сакаш мене!!!

Чувството дека те сакам…

Чувството дека те сакам не ме плаши, но чувството дека еден ден ќе те изгубам засекогаш ме излудува, затоа секоја минута ја користам за да те сакам.

Чувај ме во мала кутија…

Чувај ме во мала кутија на твоето срце! Нека моите мисли не ти нарушуваат ни еден миг од твојот живот, а сакај ме толку колку да знам дека постојам

Зрно песок…

Чувај ме добро зошто јас сум како зрно песок.Ако ме изгубиш еднаш никогаш повторно нема да ме најдеш затоа што сите ќе ти личат на мене но ниедна нема да бидам јас

Би сакал да сум нежна…

Би сакал да сум нежна мисла во твојата глава, удар на твоето срце, кога не си сам среќа во твоите очи и тивка волшебна музика во твојот сон