Љубовни SMS пораки 01

Зачекори во мојата душа кога замислено талкав. Таму во тишината се слуша вечно ехо – ТЕ САКАМ.

Јас сум на болница…

Еј што правиш арен си? Јас сум на болница, не е ништо страшно. Ми најдоа камен во жолчката, песок во бубрегот, а тебе во срцето.

Ѕвоното не е ѕвоно ако …

Ѕвоното не е ѕвоно ако не ѕвони, песната не е песна ако некој не ја испее, но љубовта не е љубов ако не тие возвратена.

Посакувам да сум…

Посакувам да сум гостин во твоите мисли, посакувам да сум вино во твоите усни, посакувам да сум бисер во твоите очи и засекогаш да останам во прегратките твои.

Нека светлината од…

Нека светлината од месечината те упати до мене, а сонцето нека те грее како што би направила јас кога би бил покрај мене.

Ми рекоа дека…

Ми рекоа дека животот е полн со тага, дека нема некоја драга, да секоја ружа има трн, и да е секој ден црн. Ми рекоа дека сите луѓе се зли, а не знаеле дека постоиш ТИ!

Да можам сништата…

Да можам сништата во јаве да ги претворам, да те здогледам штом очи ќе отворам, да место вода твоите усни ги пиам, да те сакам и никогаш да не кријам.

Моево срце без…

Моево срце без тебе пати, а твоето нешто ми мати. Сакај го моето како јас твоето, или дојди земи си го своето.

Твојата љубов е како…

Твојата љубов е како поток што од рајот тече, а мене поради тебе животот ме пече. Ти праќам бакнежи послатки од мед, а за мене немај гајле се ке биде во ред.

Зошто го сакам…

Живеам, зошто други го сакаа тоа, патам, зошто ги сакам очите твои, умирам, зошто го сакам она што никогаш нема да биде мое…ТЕБЕ!