Љубовта…

Љубовта владее без меч и врзува без јаже!

Имам…

Имам две раце кои посегаат по тебе, имам две очи кои гледаат во тебе, имам едно срце кое чука за тебе, имам една душа која мисли само на тебе. Те сакам!

Не дозволувај…

Не дозволувај погрешни луѓе да влезат во твојот живот, да го поматат сјајот во твоите очи, да те натераат да го сакаш она што тие го сакаат и да го заборавиш она што тие го немаат… МЕНЕ!

Живеам затоа што ТЕ САКАМ…

Спијам затоа што те сонувам, се будам зошто ми требаш, горам затоа што те посакувам, умирам бидејќи те немам, а сакам да живеам затоа што ТЕ САКАМ…

Да е зрно песок…

Да е зрно песок или една ѕвезда мерна единица за љубов, сите пустини на светот и целиот небесен свод не би биле доволни да ти го покажат она што го чуствувам за тебе…

Стотици луѓе ја бараат…

Стотици луѓе ја бараат среќата, илјадници убавината, милиони радоста, цел свет љубовта, а јас најдов се! ТЕБЕ

Вечерва некому недостасуваш…

Среќа е што спиеме под исто небо и каде и да се наоѓаш вечерва, дигни ја главата и погледни, ќе чуеш како ѕвездите ти говорат: Еј, ти вечерва некому недостасуваш…

Слатко сонувај, љубов моја…

Сонцето веќе одамна потона на запад, небото шара со ѕвездена боја, а јас по ветрот тивок шепот ти праќам: слатко сонувај, љубов моја.