Ако си…

Ако си цвеќе биди роза, ако си месец биди мај, ако си другар биди до крај.

Jас сум само порака…

Не гледај ме така зошто јас сум само смс порака и дојдов да ти кажам дека овај од другата страна што ме испрати не може да живее без тебе и дека многу те сака.

Понекогаш посакувам…

Понекогаш посакувам да заврне дожд за да те потсети на летните дождливи ноќи, понекогаш посакувам да пропече сонце за да те потсети на летните прошетки, понекогаш посакувам ветер да задува за да те донесе до мене и да ти кажам колку те сакам.

Кога тагата ќе…

Кога тагата ќе те скрши, кога ќе видиш дека љубовта сврши, кога срцето те боли, знај дека некој за нежност те моли,кога спијам во сон ќе дојдам да те видам, кај тебе да бидам, да те гушнам и бакнам затоа што само во сон можам да те имам.

Ти праќам ѕвезда…

Ти праќам ѕвезда да ти го покаже патот до мене, ти праќам бакнеж да ти покаже колку мислам на тебе, ти го праќам моето срце да ти покаже колку чука за тебе.

Шифра “Те сакам“

Запиши ме во именикот под шифра “ТЕ САКАМ“ и секогаш кога ќе ти титнам ќе знаеш што ќе ти кажам.

Докторот вели…

Во срцето мое нешто гори, докторот вели нема што да се стори, затоа дојди мила моја, за да ме излечиш со прегратка своја.

Велат дека…

Велат дека постои некој што лечи со љубов…а тоа си ти, кој како заразна болест тече низ моиве вени, па ако си вљубен дојди излечиме.