Додека човекот го полираше својот нов автомобил, неговиот 4-годишен син зеде камче и изгреба неколку линии од едната страна на автомобилот. 
Човекот се налути, ја зеде раката на детето и многу пати го удри со големиот клуч, не размислувајќи штo прави.

Во болницата, детето ги изгуби сите негови прсти на раката како последица на многуте скршеници.

Кога го посети детето во болницата, со болни очи тоа го пpaшa: – Тато, кога моите прсти ќе пораснат повторно? 
Човекот беше многу повреден и без зборови, со солзи во очите тргна назад кон автомобилот и многу пати го удри со ногата. Уништен од своите постапки … седна пред автомобилот. Во тој момент ги виде гребнатинките.

 

Детето имаше напишано: “ТЕ САКАМ ТАТО“

Гневот и Љубовта не знаат за граници. 
Нека реката на животот тече во корито, но нека постојано тече и чист ПОТОК НИЗ неа за никогаш да не се замати.

 

Leave a Reply