Не ме интересира од што живееш, сакам да знам кон што тежнееш и дали имаш храброст да сонуваш за исполнувањето на желбите на твoeтo срце…
Не ме интересира колку години имаш. Сакам дазнам дали си спремен да ризикуваш да испаднеш будала за љубота, за исполнувањето на твоите соништа, за овие авантури кои ги нарекуваме живот.
Не ме интересира кои планети влијаат во ТВОЈОТ месец на рагање. Сакам да знам дали си почувствувал доволно длабока болка и дали потоа животните разочарувања ти го ОТВОрИЈа срцето, или се си се сокрил и затворил во себе од страв повторно да не почувствуваш болка. Сакам да знам дали си во состојба да ја издржиш болката, МОЈа или СВОЈа, а притоа да не мораш да криеш, ублажуваш или бришеш. Сакам да знам дали знаеш да се радуваш, за мене или тебе, и дали можеш да заиграш диво и да дозволиш екстазата да те понесе се до врвовите на твоите прсти, а притоа да не не предупредуваш нас да бидеме внимателни, реални, свесни за оrpаничувањата на нас луѓето.
Не ме интересира дали приказната КОЈа ми Ја кажуваш е вистинита. Сакам да знам дали би бил спремен да разочараш неКОЈ друг за да бидеш искрен спрема самиот себе, дали си спремен да ги поднесеш обвинувањата за предавство, а притоа да не се изневериш себеси. Можеш ли да бидеш предавник а СО самото тоа и вреден за доверба. Сакам да знам дали си во СОСТОЈба да Ја видиш убавината, па и ако не е убава, сеКОЈ ден можеш ли да и црпиш инспираЦИЈа за својот живот од неЈЗината присутност. Сакам да знам дали си доволно силен да живееш СО неуспехот, СВОЈ и МОЈ, и сеедно да стоиш на работ на езерото и да знаеш дека неуспехот е само настан, не личност.
Не ме интересира каде живееш и колку пари имаш. Сакам да знам дали си способен да станеш после ноќ исполнета со тага и очаЈ, уморен и ДО коска исцрпен, и да направиш се што е потребно за да ги нахраниш своите деца. Не ме интересира кого познаваш и како си стигнал ДО тука. Сакам да знам дали си способен во оган и во жар и на дожд да СТОИШ покрај мене.
Не ме интересира каде си, или што си, или со кого си соработувал. Сакам да знам што е тоа во тебе самиот што те тера да продолжиш напред во моментитe кога се остaнaто се руши.
Сакам да знам дали можеш да бидеш сам со себе и дали навистина ја сакаш таа ЛИЧНОСТ која си во минутите на празнина…