… Црвена свилена постела и неколку црвени рози…
Малку црвено вино во кристалните чаши,тивка музика и неколку свеќички….
Но ништо од ова не може да го замени твоето присуство…Ова се само мали детали…
Тие неможат да ја заменат жештината на твоите бакнежи, светлината на твоите очи, ниту пак да ја заменат нежноста на твоите прегратки…

Црвената свилена постела може да направи само моментално да се наежам а ти, ти можеш да направиш да горам и да чуствувам пламен насекаде во моето тело… Црвените рози можат да бидат украс во мојата коса додека лежам на постелата но ништо неможе да се спореди со твоите дланки кои страстно ме галат…
Црвеното вино на момент ќе ја угаси мојата жед но само твоите бакнежи можат да ме однесат до врвот на задоволството…
… Ти си ” НЕШТОТО ” што прави да горам, што ми ја полни душата во моментот кога ќе се доближи до мене…
Ти си таа неверојатна сила која ми го подигна расположението и ми го разнежнува срцето…
Ти си единствената работа која во секое поле ми дава нежност…
Ти ми ги спојуваш жичките и ја будиш страста во моето тело…
Правиш да неможам да ги контролирам дланките, да се загубам во мислите и да потонам во твоите топли прегратки…
Го правиш невозможното возможно и со само еден бакнеж ми даваш се што ми е потребно…
Ти се предавам целосно уште од мигот кога ќе те здогледам….
Од мигот кога ќе ме меѓепсаш во црвената свилена постела…