Во човечкиот живот има многу случувања, многу подвизи и падежи, но само кога ќе го ставиме срцето во дланката на вистинската личност тогаш ќе бидеме среќни. Но, не секогаш,таа личност е онаа за која ние се надеваме дека е или сакаме да е таа …
Но, сепак, светот продолжува, Земјата не престанува да се врти, Сонцето да грее…
Никогаш не затворајте ја вратата пред
ЉУБОВТА, па дури и кога знаете дека таа не е онаа за која вие сте сонувале, онаа за која вие сте мечтаеле… Не дозволувајте годините да ви минуваат напразно, во црно-бели кадри, чекајќи ја вистинската ЉУБОВ. Знаете, таа понекогаш и не доаѓа, но надежта е таа што не ни дозволува да се откажеме од таа вечна потрага. Никое срце не сака да биде заведено со лажен поглед и лажна насмевка, но што ако вистинската ЉУБОВ е невозможна? Тоа е прашањето на кое јас не успеав да најдам одговор…
Сепак, трагите на вистината ме одведоа до тоа дека се што постои на овој свет се раѓа и умира, засветува и се гаси, доаѓа и си оди … Но, изгледа дека кога го сфатив тоа, беше премногу доцна!