Во темнината тажен крик, љубовен плач се гуши во солза. Молк и само еден миг шепотејќи за ЉУБОВТА. Една воздишка од осаменото лице испратена до саканиот.
До прозорецот кого ветерот го тресе некој тагува за првата ЉУБОВ. Таа прва рана што отвора сни, изгубени или најдени. Таа прва солза што се тркала, избришана или зачувана. Таа прва тага, запаметена или заборавена на едно лице во темнината што ја откри тајната на ЉУБОВТА.