“Девојче, не можеш ти тоа да го разбереш. Не го очекувај тоа од мене. Нема да го добиеш. Мала си. Не разбираш!” – уште еден удар од неговите усни. И ја тресна вратата од неговото срце, иако знаеше дека не го заслужува тоа. Како да чекаше да се откаже. Тој сметаше дека така е подобро за неа. Но, таа ја слушаше единствената причина која спиеше во неа, единствената искра. Зар беше толку тешко да се сфати – таа го љубеше. Тоа? беше доволно. Секое утро забораваше на…


“Девојче, не можеш ти тоа да го разбереш. Не го очекувај тоа од мене. Нема да го добиеш. Мала си. Не разбираш!” – уште еден удар од неговите усни. И ја тресна вратата од неговото срце, иако знаеше дека не го заслужува тоа. Како да чекаше да се откаже. Тој сметаше дека така е подобро за неа. Но, таа ја слушаше единствената причина која спиеше во неа, единствената искра. Зар беше толку тешко да се сфати – таа го љубеше. Тоа? беше доволно. Секое утро забораваше на неговите удари и со нови сили – повторно беше тука за него.

Овој пат солзите застанаа. Како да разбраа нешто. Го побараа своето срце назад од масата и се откажаа од последната партија покер.

“Знаеш што?” – извика налутено. За прв пат во животот, лута на себе. “Во право си. Мала сум. Треба многу работи да научам. Како прво треба да научам да се откажувам. Треба да научам дека не е доволно само јас да те сакам тебе, дека треба и ти да ме сакаш мене, но дека јас не можам да те натерам на тоа. Дека баш фактот што толку многу ме повредува тоа што го правиш е вистината за нас двајца која јас толку многу сакам да ја избегнам. Вистината која не сакам да ја прифатам. И треба да научам дека едноставно, едностраната љубов не е љубов. И да се откажам. Да продолжам понатаму…” – како камен од срце да ? падна. Воздивна. А, потоа се погледна себе си.

Го проговори последниот збор и ги пушти солзите. Знаеше дека нема повеќе што да изгуби. Не можеш да го изгубиш она кое никогаш и не си го имала.

Па замина. Така гордо. Ја носеше својата болка како и своите штикли. Колку и да ја болеше сите гледаа само колку е таа убава. Одмаршира кон иднината. Му се насмевна на минатото и продолжи. Знаеше дека ќе ја разбере.

Јаневска Марија, 2012
http://beleskitenalajlagrejs.wordpress.com


{fcomment}

Leave a Reply