Ќе го поздравам овој ден со љубов во срцето. А како ќе го направам тоа ? 

Отсега натаму ќе гледам на сите нешта со љубов и повторно ќе се родам. Ќе го сакам сонцето зашто тоа ги топли моите коски, сепак ќе го сакам и дождот зашто тој ми ја прочистува душата. Ќе ја сакам светлината зашто таа ни го покажува патот, сепак ќе ја сакам и…

Ќе го поздравам овој ден со љубов во срцето. А како ќе го направам тоа ? 

Отсега натаму ќе гледам на сите нешта со љубов и повторно ќе се родам. Ќе го сакам сонцето зашто тоа ги топли моите коски, сепак ќе го сакам и дождот зашто тој ми ја прочистува душата. Ќе ја сакам светлината зашто таа ни го покажува патот, сепак ќе ја сакам и темнината зашто таа ми ги покажува ѕвездите. Ќе и посакам добредојде на среќата зашто таа ми ја проширува душата, сепак ќе ја поднесувам и тагата зашто таа ми ја отвара душата. 

Ќе ги прифаќам наградите зашто сум ги заслужил, сепак ќе ги пречекувм со добредојде и пречките зашто тие се предизвик за мене. Ќе го позадравам овој ден со љубов во срцето. А како ќе зборувам? Ќе ги фалам своите непријатели и тие ќе ми станат пријатели, ќе ги охрабрувам своите пријатели и тие ќе ми станат браќа. Секогаш ќе барам причина да фалам, никогаш нема да барам изговори за озборување. Кога ќе бидам поттикнат да фалам, ќе викам од покривот!

~ Најголемиот продавач на светот – Ог Мандино ~


{fcomment}

Leave a Reply