Еден ден одлучив да се откажам од се… Се откажав од мојата работа, мојата врска, мојата духовност… Сакав да се откажам од мојот живот.
Отидов во шумата да разговарам за последен пат со Бог.
– Господе, прашав, можеш ли да ми дадеш една добра причина да не се откажам?
Неговиот одговор ме изненади…
Еден ден одлучив да се откажам од се… Се откажав од мојата работа, мојата врска, мојата духовност… Сакав да се откажам од мојот живот.
Отидов во шумата да разговарам за последен пат со Бог.
– Господе, прашав, можеш ли да ми дадеш една добра причина да не се откажам?
Неговиот одговор ме изненади…
– Погледни наоколу, рече Тој – дали ги гледаш папратот и бамбусот?
– Да, одговорив.
– Кога ги посеав семињата на папратот и на бамбусот, многу се грижев за нив. Им дадов светлина. Им дадов вода.
Папратот брзо порасна од земјата. Неговото прекрасно зеленило го покри подот. Сепак сеуште ништо не порасна од семето на бамбусот. Но јас не се откажав од бамбусот.
Во втората година папратот израсна пожив и поразвиен. И пак, ништо не порасна од семето на бамбусот. Но јас не се откажав од бамбусот. Во третата година сеуште немаше ништо од семето на бамбусот. Но јас не се откажувам.
Во четвртата, пак,се уште немаше ништо од семето на бамбусот. Но јас пак не се откажувам – рече Тој.
Тогаш во петтата година еден тенок изданок никна од земјата. Споредено со папратот беше премногу мало и незначајно… Но само шест месеци покасно бамбусот порасна над 100 стапки височина.
Биле потребни пет години да израснат корењата. Тие корени го направија силен и му дадоа она што му беше потребно за да преживее. Не би му дал на ниедно мое создание предизвик со кој не би се соочил.
Тој ме праша:
– Дали знаеш, мое дете, дека сето ова време во кое страдаш и се бориш, ти всушност си пуштал корени. Јас не се откажав од бамбусот. Јас никогаш нема да се откажам и од тебе. Не се споредувај себеси со другите – рече Тој. Бамбусот има друга Цел за разлика од папратот. Сепак и обете ја прават шумата прекрасна.
Твоето време ќе дојде… Ќе пораснеш високо – ми рече Бог.
– Колку високо треба да пораснам? Прашав.
– Колку високо би пораснал бамбусот? – тој праша за возврат.
– Колку што може повисоко? – одговорив.
– Да – рече Тој.
ПРОСЛАВИ МЕ РАСТЕЈЌИ КОЛКУ ШТО МОЖЕШ ПОВИСОКО.
Поука:
БОГ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД НАС… ЗАТОА, НИКОГАШ, НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ !!!
{fcomment}