Животот е книга, во неа нема празни страници. Таа е вечен сведок на дијалогот помеѓу создавачот и светот, презентирана од главниот протагонист, застапник на долината на солзите – човекот. Би сакал да се обидам да ја објаснам врската меѓу зборовите, но знам дека сум само едно зрно прав овде во вечноста.
Сепак, дали е време да почнам да зборувам? Ги затварам очите и…
Бевме бродови, не изградија, отпловивме
Животот е книга, во неа нема празни страници. Таа е вечен сведок на дијалогот помеѓу создавачот и светот, презентирана од главниот протагонист, застапник на долината на солзите – човекот. Би сакал да се обидам да ја објаснам врската меѓу зборовите, но знам дека сум само едно зрно прав овде во вечноста.
Сепак, дали е време да почнам да зборувам? Ги затварам очите и ја замислувам линијата која ќе ја одбележи зборот. Ги замислувам бреговите кои ќе ги допрат моите зборови. Сега, во овој миг и во надеж дека ќе се слушаат секогаш, насекаде.
Моите зборови тргнаа во потрага по изгубеното, и по најденото. По доброто, и по злото што како виори го цртаа него, човекот, со сето негово достоинство и илузија. Ги молев нив, зборовите да ми го покажат патот, вистинскиот пат, за да не залутам во неповратот на овој чуден свет. Така, со надеж во срцето тргнав да го следам чекорот кој ми го покажаа зборовите. Но моите копнежи да бидам дел од големиот океан без да ги премерувам неговите длабочини беа уништени во само еден ден, во само еден миг од моето постоење …
Во тие длабочини се видов себеси и другите бродови како едриме обидувајќи се да стасаме до некаде. Но каде? Каде треба да бидам јас, ние? Кој нė донесе тука во недогледот на просторот. Нè одбележа за да ги носиме лузните засекогаш.
Со мислите ја премерувам големината на каменот на злото што некогаш го открило „големото око“ всадено во длабочините на – човекот, а се стркалал во душите на многуте „зависници“ од него. Велат, човекот е како дрвото, колку подлабоко ги впива своите корени во длабочините на земјата, толку е поблиску до дното, до злото. Зарем за тоа со љубов нè градеа? Наместо со далечините, да се измачуваме со длабочините на креаторот на сето светско зло, војните. На морето кое се гуши од брановите на својот неморал, мизантропија. Толку ли се значајни битките кои во себе го носат императивот, смрт!
Не. Немам одговор кој ќе биде доволно добар да ги реши сите наши морални дилеми. На почетокот знаев дека сме создадени за да пловиме кон иднината, но не знаев што носи таа со себе. Не знаев дека постојат гребени, страшни, остри до болка…
~ Sonja New Time ~
{fcomment}