Сте се запрашале ли НЕКОГАШ дека можеби вашиот ЖИВОТ може да биде како најтивките погледи, како најтивките зборови, како шепотот и треперливиот допир, како ЉУБОВТА…


Сте се запрашале ли НЕКОГАШ дека можеби вашиот ЖИВОТ може да биде како најтивките погледи, како најтивките зборови, како шепотот и треперливиот допир, како ЉУБОВТА…

Секој го може она што го сака, секој може да биде заљубен до бескрај, да го живее сонот скриен во пазувите на ЖИВОТОТ… и затоа НЕКОГАШ седнете на клупата на својот ЖИВОТ и набљудувајте го небото како постојано се менува, а сепак останува исто и прекрасно…

Влезете во вашето СРЦЕ и не откажувајте се од тоа што го сакате..
Тивките звуци на ЖИВОТОТ нека не ве заспијат, туку нека ве разбудат од сонот во кој тонете.. Секој СЕКОГАШ трага по својот пат и секој ја сака својата судбина како најдобрата мелодија на ветрот…

Верувајте во својот чекор, не губете ја надежта и додека ЖИВОТОТ ја пишува својата приказна отворете ги прозорците на својата душа и живејте ја неговата убавина, живејте со визија и со мисла дека радоста сепак ќе дојде до ВАС … како ЗАЈДИСОНЦЕ ВО ЛЕТО !!!

~ Дејан Б.Богески ~


Leave a Reply