Прв дел на интересни канцелариски марфиеви закони кои и тоа како ни се случуваат, каде што никоја ситуација, настан не можи да помини без нив.
ОВЕНОВ ЗАКОН ЗА СЕКРЕТАРКИ
Штом седнеш да се напиеш кафе, шефот ќе побара да направиш нешто што трае токму толку да се олади кафето.
– Штом седнеш да се напиеш кафе, шефот ќе побара да направиш нешто што трае токму толку да се олади кафето.
– Ненадејно добиеното слободно време секогаш залудно се губи.
– Никогаш не минувај низ ходникот на управната зграда без лист хартија во рака.
– Краен рок е една недела по планираниот краен рок.
– Никогаш не преговарај пред 10 наутро ниту пак после 4 попладне.
Пред 10 изгледаш премногу напнато, а после 4 мислат дека си очаен.
– Идеалниот кандидат се појавува еден ден по вработување на просечниот.
– На која и страна да се завртиш кога влегуваш во лифт, копчињата ќе бидат на спротивната.
– Штом го спуштиш багажот лифтот стигнува.
– Штом направиш некому услуга, тоа ќе стане твоја работа.
– Ако документот е доверлив, ќе го заборавиш во машината за фотокопирање.