Дожд, ладно… само една насмевка, очи полни несигурност и прегратка…

Една вечер…

Вечер во која за прв пат си дозволив да бидам онаа личност која навистина сум, си дозволив да се опуштам, и да бидам правата јас, без лаги, без криење… Росеше… најубавото нешто, чувството кога лесни капки ќе ти паднат на лицето, а сепак не те…


Дожд, ладно… само една насмевка, очи полни несигурност и прегратка…

Една вечер…

Вечер во која за прв пат си дозволив да бидам онаа личност која навистина сум, си дозволив да се опуштам, и да бидам правата јас, без лаги, без криење… Росеше… најубавото нешто, чувството кога лесни капки ќе ти паднат на лицето, а сепак не те облива тага зошто знаеш дека не се солзи, те милуваат капки кои за разлика од оние од твоите очи, овие ти носат среќа, и те прават исполнет, ти го даваат чувството на задоволство и убавина…

Вечер… период кој ти ја исполнува желбата да си поигруваш со времето, период во кој ти се среќаваш самиот себеси во две етапи… крај на денот и почеток на утрото… спој на временски разлики… нешто што звучи толку комплицирано и сложено прикажано во едно прекрасно нешто… вечерта.

Лице… кое е чувството кога личноста која навистина ти значи е тука… пред тебе… ти зборува, а ти се губиш во длабочините на погледот на тоа лице… поглед кој никогаш нема да го заборавиш, поглед кој ти кажал сe, сe што во тој момент ти било потребно… поглед со кој си го направил најдолгиот разговор во животот, а сепак не си изговорил ниту еден единствен збор…

Усни, совршенството со кое беше кажано многу, а сепак не се помрднаа… беа заледени, а сепак топли со најизгубената насмевка, насмевка за која би дала сe… само за да ја видам уште еднаш… и на
крај личноста и неговата прегратка… прегратка која можам да ја опишам со една чешто користена фраза… прегратка на дете… силна, топла, и неверојатно искрена… спој на двете тела, долгочасовен разговор без збор… незаборавно, но и неповратно…


{fcomment}

 

Leave a Reply