Јас и погледот закотвен во работ на прозорецот. Од толку многу пријатели, чувствувам дека тој ми е најдобриот сега додека полубудна молчам и ги барам во сеќавањата најубавите фотографии кои ги сликале моите очи. Посегнувам по шолјата со врел чај не тргајќи го погледот од неговото пристаниште.

Ги истрошив сите зборови, чекори и насмевки за денес, хиперактивно ја исцрпив целата убавина на денот, ја потрошив целата сила…


Јас и погледот закотвен во работ на прозорецот. Од толку многу пријатели, чувствувам дека тој ми е најдобриот сега додека полубудна молчам и ги барам во сеќавањата најубавите фотографии кои ги сликале моите очи. Посегнувам по шолјата со врел чај не тргајќи го погледот од неговото пристаниште.

Ги истрошив сите зборови, чекори и насмевки за денес, хиперактивно ја исцрпив целата убавина на денот, ја потрошив целата сила…Се со цел, вечерва сонот бргу да ме заведе и да не им остави ни секунда на моите мисли за да одлутаат далеку. Но тие се како тврдоглави деца. Повторно го оставија моето тело тука и заминаа таму каде што се најсреќни.

Покрај него.

Нивното заминување ми остави шепот дека сепак останале уште три зборови непотрошени за денес. Воздишка ги измами на врвот од усниве. МНОГУ МИ НЕДОСТИГАШ.

Автор : Катерина Стојановска

{fcomment}


Leave a Reply