Една стара легенда раскажува за тројца мажи, кои носеле секој по две вреќи. Но теретот не го чувствувале подеднакво. Вреќите им биле, едната од напред, а другата од назад, виселе обесени на дрвена мотика на рамената.
Го прашале првиот човек што има во вреќите. Одговорил:
– Сите мои успеси, сите добри дела на моите пријатели, сите животни радости – се во вреќата однапред. Скриени од погледите, завршени, прикриени со лисја, не ми сметаат многу. Во вреќета однапред ги имам сите лоши и грди работи кои ми се…
Една стара легенда раскажува за тројца мажи, кои носеле секој по две вреќи. Но теретот не го чувствувале подеднакво. Вреќите им биле, едната од напред, а другата од назад, виселе обесени на дрвена мотика на рамената.
Го прашале првиот човек што има во вреќите. Одговорил:
– Сите мои успеси, сите добри дела на моите пријатели, сите животни радости – се во вреќата однапред. Скриени од погледите, завршени, прикриени со лисја, не ми сметаат многу. Во вреќета однапред ги имам сите лоши и грди работи кои ми се случиле. Одам, застанувам често, ги вадам, набљудувам, проучувам, размислувам што да правам. Постојано сум со нив, и во мислите и во чувствата. Постојано работам на нив.
Овој човек често подзастанувал, гледал назад, се мачел и напредувал многу бавно.
Вториот човек го запрашале истото. Тој им одговорил:
– Во вреќата однапред ги носам моите добри дела, знаењето за доблестите. Често ги гледам, вадам и покажувам на другите. Вреќата од позади ги содржи моите грешки и моите слабости. Ги носам со себе каде и да одам, бидејќи тие се мои и не можам туку така да ги оставам на страна. Ме забавуваат, понекогаш се многу тешки.
Кога го запрашале и третиот човек, тој им одговорил:
– На предната вреќа го напишав зборот – ДОБРИНА. Преполна е со позитивни мисли, добри човечки дела, сите добри работи кои ги имав и направив во животот, мисли за мојата сила. Таа вреќа не ми е тешка. Напротив, како бродско едро, ми помага во движењето напред. Додека пак вреќата која ја носам на грбот има натпис – ЛОШИ СПОМЕНИ и празна е, бидејќи и го исеков дното. За се што ми се случило лошо, лошите мисли кои понекогаш ги имам за себе, злото кое го слушам од другите, малку размислувам и го фрлам во таа вреќа. Низ дупката тоа си оди засекогаш. ЈАС СУМ СЛОБОДЕН… ЈАС НЕМАМ ТЕРЕТ КОЈ БИ МЕ ЗАБАВУВАЛ ВО ОДЕЊЕТО…
Овој човек зборува за ТРИ ЕДРА: ПОЗИТИВНО ЗА СЕБЕ… ПОЗИТИВНО ЗА ДРУГИТЕ… ПОЗИТИВНО ЗА СИТУАЦИИТЕ…
ЕДРА НА ПОЗИТИВНО РАЗМИСЛУВАЊЕ… бидејќи, СИТЕ НИЕ СМЕ РОДЕНИ ДА ИЗБИРАМЕ МИСЛИ КОИ ЌЕ НИ ГО НАСОЧАТ ЖИВОТОТ…
Тогаш… АЈДЕ СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ !!!
{fcomment}