Си биле четири свеќи кои полека гореле и во меѓувреме разговарале.

Првата свеќа рекла: „Јас сум МИР … луѓето не успеваат да ме сочуваат, нема потреба да горам понатака… мислам дека ќе се угасам“ и веднаш се угасила.
Втората свеќа рекла: „Јас сум ВЕРА … за жал многу луѓе имаат само…


Си биле четири свеќи кои полека гореле и во меѓувреме разговарале.

Првата свеќа рекла: „Јас сум МИР … луѓето не успеваат да ме сочуваат, нема потреба да горам понатака… мислам дека ќе се угасам“ и веднаш се угасила.
Втората свеќа рекла: „Јас сум ВЕРА … за жал многу луѓе имаат самоповршна вера и јас не ги интересирам, нема смисла да горам понатаму.“

Само што ги изрекла овие зборови, дувнало ветерче и свеќата се угасила.
Третата свеќа жално проговорила: „Јас сум ЉУБОВ … немам повеќе сила, луѓето често забораваат на мене.“ и истиот момент се угасила.

По кратко време во собата влегло дете:
„Што е ова ?“ Запрашало детето. „Требаше да горите до крај“ и почнало да плаче.
Тогаш се огласила четвртата свеќа: „Не плаши се, додека јас горам ќе може да ги запалиме повторно сите свеќи. Јас сум НАДЕЖ.


{fcomment}

Leave a Reply