Веќе одамна има изминато полноќ, а јас и оваа вечер будна го дочекувам утрото на прозорецот од мојата соба, со надеж дека ќе поминеш, дека барем за момент ќе те видам. Но, ти одамна престана да поминуваш од оваа улица, знаеш дека тука живеам јас, онаа која безмилосно ја повреди. Како можеше така да си поиграш со срцево кое чукаше само за тебе. Знаеше дека се ќе направам за тебе. Тие неколку вечери засекогаш ќе останат во моето сеќавање. Тогаш кога бев најсреќната девојка на целиот свет, за потоа да ме…
Веќе одамна има изминато полноќ, а јас и оваа вечер будна го дочекувам утрото на прозорецот од мојата соба, со надеж дека ќе поминеш, дека барем за момент ќе те видам. Но, ти одамна престана да поминуваш од оваа улица, знаеш дека тука живеам јас, онаа која безмилосно ја повреди. Како можеше така да си поиграш со срцево кое чукаше само за тебе. Знаеше дека се ќе направам за тебе. Тие неколку вечери засекогаш ќе останат во моето сеќавање. Тогаш кога бев најсреќната девојка на целиот свет, за потоа да ме повредиш толку многу. Не ги слушав другите кога велеа дека си сменет, дека не си истиот тој што јас го знаев од мала, со кого растевме, со кого живеевме еден до друг. Секоја вечер е тажна без тебе…
Остави празнина во срцево мое која никогаш никој нема да ја потполни. Брзо најде друга… заборави на мене. Си замина со зборовите “продолжи понатаму”! Како да продолжам кога секое утро започнува со заклучокот од минатата вечер – ДЕКА ТЕ НЕМА? Зошто барем еднаш не се сврте назад за да видиш како ми е мене. Отфрли се што е мое… мојата љубов, моите песни, моите дела. Се што ме правеше среќна.
Ми останува само да те прашам среќен ли си? Го најде ли во другата се она што не го најде во мене? Те бакнува ли на истиот начин како мене? Ти кажува ли дека те сака како што јас ти кажував? Но, дали ти и го кажуваш она што никогаш не ми го кажа мене? ДЕКА МЕ САКАШ.
Зошто секогаш кога ќе те видам со неа ја бакнуваш, и велиш дека ја сакаш, го извикуваш тоа доволно гласно за да те слушнам. Зарем не се засити? Зарем не беше доволно да ме повредуваш уште? Многу ми недостигаш, сеуште те барам длабоко во мислите, се сеќавам, плачам, страдам. Зошто Господе, па тој не заслужува. Зарем можно да си толку многу суров? Сама седам во скутот на тагата, обвиена со солзи и плачам за најубавите очи на светот – твоите. За најпрекрасната насмевка – твојата. За најубавиот глас – твојот. За тебе – оној што го сакам најмногу.
Но, не заборавај дека тркалото се врти. Ќе се сврти и кај тебе. Ќе дојде моментот кога ќе ме погледнеш и кога од мојот поглед нема да прочиташ љубов, туку само омраза. Љубовта ја уништи твојата суровост. Ќе дојде моментот кога ќе сфатам дека си идиот кој не го заслужува и ова писмо.
{fcomment}