Го склопив лаптопот. Не можев да дишам.
Во инат пробував длабоко да земам воздух.
Не знам што ми се случуваше.
Ме обви неподнослива жештина,
како некој вид на топли морници.
Го зграпчив телефонот и капутот и одлетав надвор.

Во трчање излегов од дворот,
ја претрчав малата уличка и излегов на булеварот.
Немите свирежи на…


Го склопив лаптопот. Не можев да дишам. 
Во инат пробував длабоко да земам воздух. 
Не знам што ми се случуваше. 
Ме обви неподнослива жештина, 
како некој вид на топли морници. 
Го зграпчив телефонот и капутот и одлетав надвор.

Во трчање излегов од дворот, 
ја претрчав малата уличка и излегов на булеварот. 
Немите свирежи на гумите од автомобилите ме сепнаа. 
Ветерот се повеќе дуваше и поради самите автомобили.

Застанав и се обгрнав со капутот.
Ги затворив очите.
Лицето ми беше вжештено, иако надвор беше минус десет.
Ги насетував виорите од октомврискиот ветер
и се борев да земам воздух,
се борев да не мислам на она што го видов…

Не знаев ни каде се наоѓам,
единствено неговата слика ми стоеше во мислите.
Непомерливо врамена во срцето
кое пред две минути се распрсна и ме расече одвнатре.

Солзите како утеха почнаа да се лизгаат по образите.
Се борев со сета сила да не заплачам.
Како целиот напор на светот да го бев вложила,
но, тие се поинатливо се инфилтрираа во мене,
врело се тркалкаа и оставаа
испарувачки отисоци на местото на злосторот.

Зар јас навистина плачам?
Зар навистина беше можно да се заљубам?

Од секогаш мислев дека љубовта е игра.
Никогаш не помислив дека е можно некогаш да го сретнам.
Сите негови зборови биле вистина,
од секогаш бил искрен,
а јас не му верував…
Сè додека не го изгубив.

Од секогаш бев ладна,
сè беше само слика,
која одговара на приликата,
на моментот,
а одвнатре знаев дека сe беше плански.

Но, не и со него…
Со него вистински се смеев,
вистински бакнував,
вистински се грижев.
И се преплашував.
Се исплашив од самата себеси.

Се чувствував слаба за прв пат во мојот живот.
Љубовта ја дефинирав како болест.
Што значи, сега бев болна…
и не знаев дали ќе оздравам.

И сега.
Од како за прв пат почувствував и поверував.
Сега е веќе доцна.
Стоев така на булеварот
додека солзите капеа на ладниот асвалт.
Дозволував ладниот ветер сурово да ме гали.
Се надевав дека ладниот воздух ќе ми го смрзне срцето
и дека така помалку ќе чувствувам. 
Се надевав на некој лек.

Мораш да престанеш – си повторував.
Мораш да заборавиш, мораш да се оправиш.
Ова не си ти, ова не си ти.
Ова не си ти… – повторно и повторно,
за да ја удавам болката во морето од солзи.

Но залудно.

Почна да врне.
Навреме.
Да ми ги скрие солзите.
Да ми помогне да одглумам подобро.
Да станам се поладнокрвна
и да заборавам.

Но и покрај сè, знаев.
Јас по него, нема да оздравам.
Не, јас нема да оздравам – оваа болест беше болест за цел живот…

Јаневска Марија, 2011
http://beleskitenalajlagrejs.wordpress.com


{fcomment}

Leave a Reply