Зборовите не значат ништо ако не ги почувствуваат оние за кои се наменети. Зборовите можат само да допринесат да ви биде полесно со тоа што она што и го чувствувате го доближите уште поблиску до оние кои истото го чувствуваат или не го чувствуваат исто како вас. Со зборовите вие само давате еден многу мал дел што посакувате, што мечтаете, што предвидувате … но зборовите не можат да ги заменат постапките кои се случуваат секој момент и со кој


Зборовите не значат ништо ако не ги почувствуваат оние за кои се наменети. Зборовите можат само да допринесат да ви биде полесно со тоа што она што и го чувствувате го доближите уште поблиску до оние кои истото го чувствуваат или не го чувствуваат исто како вас. Со зборовите вие само давате еден многу мал дел што посакувате, што мечтаете, што предвидувате … но зборовите не можат да ги заменат постапките кои се случуваат секој момент и со кој постапки се гледа и колку зборовите имаат вистинско значење !

Значењето на зборовите и постапките секој различно го чувствува и секој различно го рефлектира истото. Не очекувајте никогаш дека може она што го давате да ви се возврати секогаш соодветно бидејќи кај секој чувствата се различни и на различен начин и ги искажува. По начинот на возвраќањето кај вас се зголемува интензитетот или се намалува во зависност од постапките кои се случуваат. Преку случувањата сами дознавате како треба понатаму. Отстапки секогаш постојат, а тие се прават затоа што постои љубов, доверба и разбирање. Се додека постојат овие три нешта, се дотогаш секоја ситуација се надминува и се продолжува понатаму со она и што било претходно !

Отстапките ја докажуваат вашата љубов и вашата лојалност, и со нив треба саканите да почувствуваат колку тие ви значат вас. Ако ги почувствуваат тогаш бидете сигурни дека им значите и вие. Со самото чувство вие согледувате на кој и колку му значите. Максимумот е во признавањето и простувањето на направените грешки. Затоа давајте го својот максимум, признавајте ако погрешите, простувајте ако можете да простите и во зависност од постапките кои се случуваат донесувајте конкретни заклучоци и продолжувајте понатаму !

Зборовите никогаш не ги земајте во целост како валидни бидејќи понекогаш некои зборови се кажуваат во афект без претходно да се размисли дали е време и место тие исти зборови да се кажат. Зборовите колку и да болат можат да се надминат, но со постапките е малку потешко надминувањето бидејќи тоа што се случило боли многу повеќе од она што ќе се каже. Болката од слученото се чувствува се до оној момент додека не се разјасни и последната недоумица, а тоа се прави единствено ако има правилен пристап кон тоа и што ја предизвикало таа болка. Правилниот пристап секогаш не зависи само од вас и затоа земајте се во предвид кога ќе настане таква ситуација. Ако сте виновни тогаш признајте ја вината и со тоа докажете дека имате своја гордост која е неуништлива !

Со признавањето можеби никогаш нема да ви простат, но со признавањето вие ја ослободувате својата вина која ја носите во себе. Таа вина ако е кон некој кој не ви значи, за вас нема ни да биде некоја поголема грешка, ама ако е за некој што ви значи е тогаш секој ден, секој саат, секој миг ќе биде се поголема и поголема. Како ќе одминува времето вашите чувства ќе бидат посилни и посилни за направената грешка и по одреден период ќе достигнат ниво на неиздржливост. Штом го достигнат тоа ниво, вие ќе се обидувате да најдете солуција, а решение повеќе ќе нема. Ќе нема решение бидејќи веќе нема да ја имате контролата врз себе затоа што ќе бидете понесени од наталожените чувства кои претходно цело време се абсорбирале. Кога ќе одлучат чувствата тогаш и бидете сигурни дека е одлучено. Откако ќе одлучат чувствата тогаш следуваат постапките кои ја докажуваат и силината на чувствата !

Постапки

Постапките разрешуваат се она што чувствата го чувствуваат. Кога постапувате искрено, со срце, со душа, тогаш тоа колку и да не го заприметуваат, ќе го заприметат оние кон кои е наменето тоа. Во зависност од нивното заприметување вие ќе дефинирате колку им значите нив, за да после сами конкретизирате што сте биле, што сте и што можете да бидете со нив. Конкретизирањето мора да биде обострано, за да и понатаму биде понатаму! Сами ако одлучите тогаш се е залудно, бидејќи сами одлучуваат оние кои сакаат да доминираат, а со доминацијата ги потценувате саканите. Оправдувања во постапките не постојат, и со постапките се разрешуваат сите нејаснотии кои ве измачувале претходно. Вие колку и да се обидувате да се оправдате, ако сами знаете дека сте погрешиле тогаш ниедно оправдување нема да ви ја смири душата. Вашиот немир ќе биде ваш, со кој ако не се соочите, ќе си го носите во вас додека постоите!

Зборувајте она што сакате да зборувате, постапувајте онака како што чувствувате да постапувате, искажувајте се онака како што сакате да се искажувате, но запамете дека зборовите се само зборови, и дека постапките се оние кои им даваат соодветно значење на зборовите за да останат врежани во вас, или да се заборават засекогаш !!!

~ Зоки Илев ~


{fcomment}

Leave a Reply