Те сакам. Бескрајно те сакам. Со сето срце, со сета своја душа… Се случи да се вљубам во тебе на прв поглед. Некогаш ми беше смешно кога ќе речеа – љубов на прв поглед. А еве токму мене не ме одбегна.
Зар не е романтично? Но оттогаш ми се всели немир во…
Те сакам. Бескрајно те сакам. Со сето срце, со сета своја душа… Се случи да се вљубам во тебе на прв поглед. Некогаш ми беше смешно кога ќе речеа – љубов на прв поглед. А еве токму мене не ме одбегна.
Зар не е романтично? Но оттогаш ми се всели немир во срцето. И одеднаш, само за миг, сиот мој свет се промени. Ме излуде со еден поглед, со една насмевка. Почнав да сонувам, постојано да мислам на тебе. Секој ден те гледам. И станувам сé посигурна во љубовта кон тебе. Кога ќе ме погледнеш, почнуваат да летаа пеперутки пред мене, упорно да летаат, а притоа запишувајќи го твоето волшебно име во воздухот. Во стомакот нешто ми затреперува. Твоите очи се толку мили и невини. Толку многу ги љубам. Ти, само ти си единствениот по кого срцево ми копнее. Ти си како ветар кој нежно ме допира и милува. Ти си сонце кое ме огрева, ти си најубавиот цвет во мојата градина. Ти си ми сé, ти си мојата единствена и незборавна љубов. Ти си мојата среќа, мојот живот.
Копнеам по љубовта твоја, копнеам од твоите нежни усни да ги слушнам двата волшебни збора: ТЕ САКАМ!
Немој да те зачудува тоа што сакам да сум твоја принцеза. Затоа заборави сé друго и дојди кај мене. Дојди кај онаа девојка што толку многу те сака. И сакај ме како што те сакам јас, зашто моево срце силно трепери и само тебе те чека.
{fcomment}