Колку врева кренаа пожолтените лисја, со немирниот ветер
создадоа златна престилка за да го удостојат твоето доаѓање,
во исчекување се ,денес ќе ја слушнат твојата песна од усните,
ќе се играш со ветрот ловејќи го текстот на сините пеперутки.
Колку врева кренаа пожолтените лисја, со немирниот ветер
создадоа златна престилка за да го удостојат твоето доаѓање,
во исчекување се ,денес ќе ја слушнат твојата песна од усните,
ќе се играш со ветрот ловејќи го текстот на сините пеперутки.
Намирисани се твоите гради со парфеми на љубовни слатки страсти,
со монологот на твојата најнова не обична песна без точки и запирки,
за нас создаде нови интерпункциски знаци со твоите насмеани усни,
празник си за очите со доделени сини облаци каде сонува твојот сон.
Ти и не знаеш дека реката раскажува за твоите сокриени шепотења ,
ноќните фенери ја осветлуваат твојата гола силуета по моите прозорци,
заспиваш со галеж на душата кога сонливо се протега утринското сонце
со зборови во твоето срце кои ги читаат моите најтаинствените погледи.
Времето разговара со тајната за твоите нежности по камените друмови
босоного танцување во стихот од твојата песна од кој се раѓа новиот стих,
врзана за крилјата од ветрот, со бакнеж го поздравуваш сончевиот одблесок
на краевите од твоите усни се нижат насмевките засладени со моите усни.
Ти си не заспиен морски бран кој дивее во жената со нови исчекувања,
незаситен трагач си за возбудливи воздишки во ноќите со љубовни ноти,
лежиш на својата постела со нацртани облаци и мислиш за кого да пееш,
можеби за моите очи, и мечтите кои те скокоткаат по рабовите на кожата.
Во твоите усни го топиш чоколадното задоволство ,слатки преливи од мед,
рецепт за пролетните бакнежи ги чуваш во твоите тајни одаи на твоето срце,
љубовни писма со мирис на задоволства во твојата ноќна и стуткана постела
пред да заспиеш ги галиш исчекувањата во твоите очи исполнето со страст.
Случајно ни ја протнуваш оваа твоја љубов завиткана заедно со песната,
неколку дена скришум ги местам моите чекори со твоите нови доаѓања
и токму тогаш се расејуваат мислите, а зборовите се гужваат во моите усни
колку ли среќа имаат недоречените нешта, се лепат на твоите црвени образи.
Даница Петровска – Дани