Јас би кажала многу, 
но очите мои повеќе кажуваат 
за оние кои умеат да читаат.
Под око или на врв од клепките
висат моите зборови..

На врв на усни

Јас би кажала многу,
но очите мои повеќе кажуваат
за оние кои умеат да читаат.
Под око или на врв од клепките
висат моите зборови..

И каде ќе ја најдеш онаа малечка
наивна насмевка ако не во
најмалечкото задоволство
од кое се хранат чувствата.

Мислите не ни се заплеткани,
туку ние се заплетукуваме
кружејки во круг.

~ Бренда Бочварова ~


{fcomment}

Leave a Reply