Колку ли чувства има во нас. Постои ли миг кога ќе одмориме од нас. Ќе има ли миг кога нема да те посакувам, ќе има ли миг кога нема да мислам постојано на тебе, ќе има ли миг кога ќе ми се смири душава од тебе. Ако јас би одлучувал, тој миг не сакам никогаш да дојде, ова сакам да трае секогаш како што и е, и посакувам секогаш да чувствувам чувства кои ме направија пресреќен. Твоите чувства кои ми ги даваш, твоите…


Јас и Ти - Зоки ИлевКолку ли чувства има во нас. Постои ли миг кога ќе одмориме од нас. Ќе има ли миг кога нема да те посакувам, ќе има ли миг кога нема да мислам постојано на тебе, ќе има ли миг кога ќе ми се смири душава од тебе. Ако јас би одлучувал, тој миг не сакам никогаш да дојде, ова сакам да трае секогаш како што и е, и посакувам секогаш да чувствувам чувства кои ме направија пресреќен. Твоите чувства кои ми ги даваш, твоите нежности кои ми ги пренесуваш, ја отворија мојава душа, душа која целосно ти се предаде. Откако ти се дадов себеси, оттогаш и чувствувам колку е убава твојата љубов која ја имаш за мене. Кога нема условувања во една љубов, кога нема барања за истата љубов, тогаш тоа е вистинска љубов. Ти ми докажуваш како се роди една голема љубов, и како знае да опстане таа љубов. Љубовта кога се чувствува вистински, тогаш таа е секогаш во нас, и ние сме секогаш во неа. Не постои далечина, не постои разделеност, постоиме единствено само јас и ти, и нашата љубов. Откако постоиме само јас и ти, оттогаш знаеме и сами колку е убава нашава љубов.

Се чувствуваме толку блиски, што не можеме да поверуваме дека ова што ни се случува, може да ни се случува на ваков начин. Нашиов начин е толку посебен, што ние колку и да го резимираме, не ќе можеме бидејќи си недостигаме во секој дел од секундата. Тоа е она што не можеме да си го разјасниме, тоа е она што не прави зависни од нас, тоа е она што го продлабочуваме секој момент се повеќе и повеќе. Нашиве чувства блескаат од нас, нашиве чувства впиваат во нас, нашиве чувства уништуваат се пред нас, освен нас. Ако некогаш си дознаеме зошто е ова вака, тогаш значи дека бледнее нашава љубов. Ако некогаш посакаме да дознаеме што не спои вака, тогаш ќе знаеме дека се сомневаме во она и што сега си го чувствуваме. Ако некогаш постои во нас зборот Ако, тогаш значи и нашава љубов ќе биде само обична љубов. Ние не знаме ништо друго освен да си го посветуваме секој слободен момент за нас, ние не знаме ништо друго да правиме освен нас. Ние постоиме за нас, и ние живееме за нас.

Толку ми е убаво со тебе, што сите останати убавини изчезнаа зад мене. Ти си прекрасна во секој поглед, бидејќи ми го даваш она што се дава на вистинска љубов, а тоа е … СЕБЕСИ … Твојава љубов ми докажа многу нејаснотии кои ме пратеа низ животот и во кои понекогаш и се сомневав. Крај тебе нема сомнежи, нема нејаснотии, бидејќи приоритетот е конкретизиран само во она и што си го посакуваме сами. Нашите потреби се толку тивки, толку нечујни, толку посакувани, што и не се заприметуваат. Јас и ти сме само јас и ти, и тоа ни е најубавото за нас. Најубавото се чувствува, тоа не се бара, како што и ние се чувствуваме. Нашите чувства докажуваат како живее една љубов само од чувства, како опстанува една љубов само од чувства, и како копнее една љубов само од чувства. Живеењето, опстанувањето, копнеењето, ја прават и љубовта да биде љубов.


Нашата потреба од нас е незгаслива, нашата потреба од нас, не прави нас зависни од нас, и нашата потреба од нас ни ги направи животите само за нас. Оваа потреба ни ги направи животите совршени, за да дознаеме сами дека совршенството постои, и тоа чувствувајќи го во секој сегмент од животот. Тоа совршенство е во нашата искреност што си ја даваме, тоа совршенство е во нашето внимание што си го посветуваме, тоа совршенство е во се она што ние си го споделуваме онака како што и го чувствуваме. Посовршено од ова нема, бидејќи ние го достигнавме нашиот максимум од најубавото во нас. Кога знаеме да бидеме совршено среќни, тогаш знаеме и како таа среќа да си ја чуваме секогаш. Среќата од совршеноста е најслатката среќа бидејќи трае бесконечно. Бесконечноста е во искажувањето на нашите чувства, и во прифаќањето на нивните одлуки.

 

Откако одлучивме да ги соединиме нашите чувства, и откако тие одлучија да бидат заедно, за нас нема повеќе мои и твои чувства, бидејќи сега чувствуваме исто. Нашето исто е во блискоста од нас и нашата потреба од нас. Нас и да не разделат илјадници километри, ќе чувствуваме исто, бидејќи не постои далечина која може да раздели љубов која се посакува со чувства, со срце, со душа. Нашиве чувства, нашиве срца, нашиве души, не познаваат далечини, разделби, несогласувања, недоречености ! Ние си ги правиме далечините, средби, ние си ги правиме разделбите, нови запознавања, ние немаме несогласувања бидејќи тоа се за нас непознати нешта, и немаме недоречености бидејќи знаеме дека се што ќе си кажеме, тоа нема да биде погрешно разберено, и дека со тоа само ќе си бидеме уште поблиски.

Колку повеќе те посакувам, толку повеќе дознавам колку и ти ме посакуваш. Нашата потреба од нас, не соедини нас, и нашата потреба од нас, ја создаде и оваа прекрасна љубов која со секој нов ден е се поголема и поголема. Оваа љубов сака љубов, и на оваа љубов ние ќе и ја даваме секогаш таа љубов, за да секогаш биде среќна љубов, како што сме среќни јас ти, Најмила Моја ! …

~ Зоки Илев ~


{fcomment}

Leave a Reply