”Ви текнува на она чувство кога ќе се заљубите, кога ви “летаат пеперутки” во стомакот?
Да, да, ви текнува многу убаво, сите ги имаат бар еднаш почувствувано. Епа, така се “чувствувам” јас во моментов. Не ми се јаде затоа што…
”Ви текнува на она чувство кога ќе се заљубите, кога ви “летаат пеперутки” во стомакот?
Да, да, ви текнува многу убаво, сите ги имаат бар еднаш почувствувано. Епа, така се “чувствувам” јас во моментов. Не ми се јаде затоа што “малите монструми во стомакот” не ми даваат, не ми се спие затоа што реалноста е поубава од било кој сон, имам насмевка на лицето без никаква причина само затоа што ти ми се шеташ низ мислите нон стоп.
Секоја вечер пред да заспијам ти си ми последната мисла која ми поминува низ главата, а наутро си ми првата што почнува да се шета низ неа. Ми недостигаш кога те нема, кога не се допишувам со тебе на фејсбук, кога те нема да објавиш нешто или да стиснеш лајк.
Љубомора? Да. Сакала да признаам или не. Некои работи кои до сега не ги забележував кај тебе сега ги гледам и кога мижам. Каде си, со кого си, што ли правиш, зашто те нема да се јавиш,…?
Се наоѓам себе си замислувајќи како ќе изгледа нашето дете… дали ќе биде женско или машко, дали ќе ги има твоите блескави очи и твоето носе, дали ќе биде срце кршач на тебе или романтично на мене…? … не знам… дали да ги убијам “чудовиштава” во стомакот или да ги оставам да живеат?
Дали да се надевам или да не почнувам?
Дали да те сакам или да те обожавам??? ……”
~ Izabela A. ~
{fcomment}