Овие ЗБОРОВИ… Овие ипратени ЗБОРОВИ доаѓаат од далеку и бегаат на страната на вистината како би биле што поблиску до ТЕБЕ… Овие мои ЗБОРОВИ не се скитници без свој дом и не се никакви бегалци од своето време… Не, не се тоа!.. Ова се само ЗБОРОВИ кои што се искажани во НОЌИТЕ БЕЗ СВЕТЛОСТ…
Овие ЗБОРОВИ… Овие ипратени ЗБОРОВИ доаѓаат од далеку и бегаат на страната на вистината како би биле што поблиску до ТЕБЕ… Овие мои ЗБОРОВИ не се скитници без свој дом и не се никакви бегалци од своето време… Не, не се тоа!.. Ова се само ЗБОРОВИ кои што се искажани во НОЌИТЕ БЕЗ СВЕТЛОСТ…
Во рацете не овие ЗБОРОВИ обликувани од тишината на моите соништа се наоѓа пораката оттргната од прегратките на сеќавањата… Можеби ќе ти изгледа или ќе ти се чини неугледна, беззначајна, со недостиг на доверба или пак можеби сомнителна… Но, немој да и судиш спрема нејзиното измачено лице, кое е насобрано од гримасите, раните и болката… Суди ги и гледај ги спрема оние надвладеани потешкотии и пребродени препреки, од разочарувањата на нивниот пат до ТЕБЕ…
Можеби пораката која ти ја носат тебе нема да ти е јасна и прецизна… Но, нивната порака е моето тропање на вратата на твоето сеќавање, на онаа врата која ја пушти лудоста да влези во нашите ЖИВОТИ…
Во ракописот на ова порака ќе го препознаеш гласот кој зборува од далеку, кој одек ќе сака да живее во твојата близина… Нека секоја напишана буква ти го открива треперењето на моето срце, кое трепери по твоите усни…
Не, не се надевам , бидејќи ранетото СРЦЕ никогаш не може да најде утеха во скршената душа… Не сум трговец кој патува по утеха, не сум и не сакам да бидам ѕвезда или месечина на твоето небо, само посакувам да бидам онаа сама светилка во твојата ноќ, која бледа светлина не е во сосотојба да ти го осветли целиот твој живот, или пак само еден мал дел од твојата душа…
И за крај нека овие мои ЗБОРОВИ ТИ СТАНАТ ЧУВАРИ , ТВОИ ТЕЛОХРАНИТЕЛИ КОИ ЌЕ ТЕ ЗАШТИТАТ И СПРЕЧАТ ДА ГО ОСЕТИШ ЛАДНИОТ БОДЕЖ НА РАЗОЧАРУВАЊЕ ОД СТРАНАТА НА МОЈАТА ПОДМОЛНА И ТИВКА ОТСУТНОСТ !!!
~ Дејан Б.Богески ~
{fcomment}