Постои ли нешто невозможно ? Секако дека постои, но вие свесно ќе го отфрлeте зборот невозможно, за да се што ви се случува и ќе ви се случува го замените со зборот возможно. Невозможно е само она од што се откажувате пред да ги исцрпите сите можни начини за да биде возможно, а и откако ќе ги исцрпите нема да знаете дали…
Постои ли нешто невозможно ? Секако дека постои, но вие свесно ќе го отфрлeте зборот невозможно, за да се што ви се случува и ќе ви се случува го замените со зборот возможно. Невозможно е само она од што се откажувате пред да ги исцрпите сите можни начини за да биде возможно, а и откако ќе ги исцрпите нема да знаете дали било возможно ако при тоа не го дадете и вашиот максимум. Се е сплет на околности, и таму каде што можете да влијаете, ќе влијаете, ама таму каде што не можете, тогаш тоа се поинакви околности на кои треба да се соочите со поинаков пристап кон нив. Пристапот секогаш треба да биде надежен, за да што и да се случува со околностите, вие секогаш ја имате надежта пред себе. Кога силно верувате во посакуваното, тогаш и посакуваното ќе верува во вас !
Со отфрлање на зборот невозможно, вие верувате во замислените мисли, верувате во реализацијата на истите, и верувате бидејќи вие сакате да верувате. Невозможно не постои, нека тоа ви биде секогаш пред вас, невозможно е само она од што се плашите да биде возможно, и невозможно нема да има се додека не го исцрпите и последниот атом од вас за да стане возможно. Поедноставно кажано, стравот и исцрпувањето ќе ги замените со храброст и сила, и на тој начин се ќе ви стане возможно. Со стравот само се продлабочува стравот, а со исцрпувањето само ја губите постоечката сила. Стравот се надминува со силна верба во тоа што го сакате, а штом ја достигнете силната верба, тогаш и силата сама ќе се појави во вас. Откако ќе ги соедините храброста и силата, тогаш за вас зборот невозможно, ќе биде само обичен збор без некое поголемо значење .
Кај секој доаѓаат моменти кога се му изгледа невозможно, неостварливо, недофатливо. Кога ќе дојдат тие моменти тогаш се гледа колку сте вие всушност издржливи за да истите ги надминете и ги оставите зад себе. Зборовите со негација ,,НЕ” го отсликуваат животот во негативна конотација, и затоа вие ќе ги заменувате со соодветни позитивни зборови како.. Да, Можам, Верувам, и се што носи само позитивност со.. Возможно, Остварливо, Дофатливо. Возможно е само она што ќе го направите возможно, остварливо е само она што ќе го остварите сами, а дофатливо е се она што ќе направите да биде и дофатливо. Правејќи ги сите овие посакувања, вие правите свој пат кој ќе биде секогаш возможен без разлика колку ќе ве убедуваат дека е невозможен !
Самата верба во себе, невозможното го исклучува од животот, и го тера да биде возможно. Кога на своите мисли ќе им сугерирате дека за да им биде убаво треба само да размислуваат на возможните нешта, тогаш и тие ќе бидат заедно со вас за отстранување и на помислата на зборот невозможно. Вие одредувате како ќе размислувате, вие одредувате што посакувате, вие одредувате како живеете. Штом вие одредувате се, тогаш и ќе одредите да живеете без компромиси за замисленото, посакуваното, саканото. Замисленото се добива со упорност, посакуваното се добива со докажување, а саканото се добива со љубов. Вие секогаш бидете упорни во замисленото, докажувајте за посакуваното, и давајте ја својата љубов кон саканото, за да се уверите сами дека невозможно не постои. Не постои затоа што применувајќи го сето ова, нема да има простор да се размислува за невозможното. Штом не мислиш на невозможното, тогаш тоа и не постои !
Нашето постоење се заснова на верување. Колку повеќе верувате, толку и повеќе се остваруваат верувањата. Со самото верување ги потиснувате сите недоречености, сите нејаснотии, сите препреки, сите недоумици, потиснувате се што не е во контекст со вашето постоење за силна верба за остварување на посакуваното. Силната верба се стекнува самостојно, се стекнува преку размислување позитивно кон секоја настаната ситуација, кон позитивно дејствување на секој предизвик, и кон позитивно однесување на се што ви се случува низ животот. Невозможно е единствено она што оставате да биде невозможно, а се останато е возможно, бидејќи она што може да се случи во секундата, тоа никој никогаш не може да го предвиди !
Непредвидливоста го брише зборот невозможно, и кога непредвидливоста го брише, тогаш и вие избришете го, и секогаш верувајте, и верувате, и верувајте, дека решение постои, и дека тоа решение ќе го најдете и примените. Надежта нема крај, надежта има само почеток без крај. Верувајте во својата надеж, и обидувајте се бесконечно во тоа што вие сакате да се обидувате. Некои викаат дека надежта последна умира, а јас викам дека никогаш не умира, бидејќи не знаме за сигурно дали после нас,има после нас! Бидејќи не знаеме, тогаш сакале или не ние мора да веруваме буквално секогаш дека невозможно не постои, и дека се и секогаш е … ВОЗМОЖНО …
~ Zoki Ilev ~