Најискрено, ама најискрено сум толку изненаден од тебе што морам на ваков начин да ги искажам моиве размислувања за се што почувствував и што сеуште чувствувам. Можеби ова никогаш не предвидуваше да се случи, но тие нешта кои не предвидуваме, се случуваат. Тој ден беше…

Најискрено, ама најискрено сум толку изненаден од тебе што морам на ваков начин да ги искажам моиве размислувања за се што почувствував и што сеуште чувствувам. Можеби ова никогаш не предвидуваше да се случи, но тие нешта кои не предвидуваме, се случуваат. Тој ден беше поинаква од секогаш, толку природна, толку блиска, толку мила, што од сето тоа, произлезе ова! Можеш да ме убедуваш…, разубедуваш, дека не беше ништо посебно, но тоа нема да влијае дека тој ден ја видов, вистинската, Ти !


Едноставно ме разнежни до тој степен што ја изгубив мојата контрола, и многу ми е мило што е така, бидејќи тоа беше толку природно, а се надевам дека и тебе ти е природно моето внимание кое е искрено. Можеби е прерано да се донесуваат било какви заклучоци, но претпоставувам дека и тебе ти годи моето внимание, бидејќи знаеш дека се што ти кажувам, тоа е така, и никако поинаку. Сега знам дека не згрешив со моите постапки кон тебе и сакам да знаеш дека се што правам, правам со Срце, за да никогаш не се посомневаш во мојата лојалност за било што !

Се чувствувам преубаво што станавме поблиски. Биди си само природна, прави го само она што го сакаш, и знај дека се останато ќе си дојде спонтано. Мојата природност, едноставност, искреност, отсекогаш биле кон тебе чисти, со срце, со душа ! Сакам да уживаш на твој начин и се е предодредено на тоа, бидејќи мене ми е преубаво со самото тоа што знаеш колку ми значиш !

Премногу сум едноставен и затоа практикувам, ако се почувствува, тогаш е се поедноставно. Јас и премногу ги чувствувам, Чувствата, а тие секогаш знаат што е најдоброто за нив. Секој мој дел трепери, за тебе, и ќе трепери се додека не бидеш своја, на твој начин !

Моето изненадување си ти, и тоа што и го чувствувам, тоа и ќе го споделувам со тебе, секогаш !



 

~ Zoki Ilev ~

Leave a Reply