Плачам… а од внатре срцето ми се крши на мали парченца како стаклената роза која паѓа на подот од кристали. Зошто мора да е се така црно? Зошто животот е толку суров и ни ја одзема и таа мала среќа, зошто всушност не залажува? Влегов во свет во кој што немав пристап, влегов во свет во кој што ме залажуваа и ми дава лажна среќа која за жал кратко траеше. Очите ми плачат, а срцето ми се кине од твоите…
Плачам… а од внатре срцето ми се крши на мали парченца како стаклената роза која паѓа на подот од кристали. Зошто мора да е се така црно? Зошто животот е толку суров и ни ја одзема и таа мала среќа, зошто всушност не залажува? Влегов во свет во кој што немав пристап, влегов во свет во кој што ме залажуваа и ми дава лажна среќа која за жал кратко траеше. Очите ми плачат, а срцето ми се кине од твоите зборови, зборови кои засекогаш ќе останат во мене и засекогаш ќе го кинат моето срце. Ќе го кинат на два дела, во едниот ти и твоите ладни зборови “нема лутење за она што е така”, a другиот моите солзи прелеани за тебе. Сакаше да те разберам дека неможеш поради таа проста причина, но јас неможев затоа што ми беше нешто кое ме правеше среќна и нешто кое само ме залажуваше.
Празно… се чувствувам празно и изнемоштено од овој глуп живот кој секогаш ми го одзема и малото парче среќа кое некогаш ме правеше среќна. Живеам за да се радувам, живеам за да го остварам мојот сон кој сега наеднаш го снема, сон кој што сега исчезна, исчезна како и мојата желба повторно да сонувам за поубаво утре. Знам, човек сум и грешам, но никогаш не дозволив твоите зборови да не стигнат до моите уши како што го направи тоа ти, никогаш не ја направив таа грешка која што ти ја направи и успеа да ме турниш во светот на црните мисли, во светот каде што полека потонувам и се слуша само мојот плач. Го направи најубавиот розов свет кој некогаш постоел за некое девојче, ме однесе онаму каде што верував дека љубовта постои и дека стои крај мене, но сега разбирам дека ме однесе во свет полн со лаги, ме однесе да ме повредиш и да ми ја налееш таа тага која што никој до сега не успеал. Сакав да пробам нешто за кое што сите ми велеа дека може да боли, сакав да пробам нешто кое што ти ми го понуди како најубавата роза, пробав… и сега полека плачам, потонувам , а розата на љубовта која ми ја подари сега полека овенува од моите црни и невини солзи.
Сега полека на подот паѓаат солзи од моите очи, а розата полека ја свенува главата и умира без надеж дека некогаш повторно ќе биде негувана од таа несреќна љубов. Ти беше човекот поради кој живеев и сонував, ти беше човекот кој што ме правеше среќна и кој што ја одржуваше таа насмевка на моето лице. Секој ден беше нова авантура за мене кога ќе го здогледав твоето лице, а сега секој ден ми е ново измачување. Живеев за да сонувам, сонував за да сакам и да ми возвратат, но мојата желба не беше исполнета, моите зборови никој не ги слушна исто како сега, моите солзи кои тивко но полека се леат на моето лице…плачам. Плачев, плачам, но нема да продолжам, ставам крај на сите мои црни мисли кои тебе не те допираа, ставам крај на болните солзи пролеани за тебе.
Сега почнувам нова приказна, приказна во која не е испишано твоето име, приказна која ја започнувам со тешко срце. Сега ставам крај и продолжувам во животот да се борам со своето скршено срце кое тешко се лечи. Продолжувам и повеќе не се враќам назад на старите и болни спомени кои само ме измачија.
Збогум засекогаш и заборави ме мене и моето лице кое некогаш незнаеше за насмевка поради тебе. ЗБОГУМ.
{fcomment}