Со утрински мириси го пречекуваат утрото,
за нив денот се одврзува од ноќта вљубена
ги плете косите со исплетена сончева руба
прстен од бели облаци за музите небесни…
Утринска
Со утрински мириси го пречекуваат утрото,
за нив денот се одврзува од ноќта вљубена
ги плете косите со исплетена сончева руба
прстен од бели облаци за музите небесни.
Едната од нив од џебовите истура насмевка
со неа се раѓа сокакот и нови утрински џагори,
се скокоткаат рацете со триења од задоволства
ќе поминат тие и со срамежливи воздивнувања.
Ајде возбудете ги сега овие случајни минувачи
ќе ви пуштиме ветер под белите везени кошули
а градите распуштете ги за желни и широки очи
со изострени брадавици во нивните сочни погледи.
Утрово по калдрма скокаат обоените камења
со заглавени потпетици се ликуваат и се смеат,
се е можно, жени со цветни разнишани фустани,
чорапи со пеперутки,марами по кршливи бутови.
Песнава е утринска, нерасонета ви раскажува,
не можам да ја сопрам, не можам да ја сокријам,
иако надвор се уште е зимски календар ,а таа пее,
утринска песна за топли студови и Јануарски снег.
~ Даница Петровска-Дани 18:20 27.01.2012 ~
{fcomment}