Со позитивното размислување добивате, СЕ! Под Се, подразбираме буквално Се, бидејќи и кога губите, вие всушност добивате бидејќи преку поразот согледувате каде сте погрешиле, и уште поупорни продолжувате понатаму самоуверени дека тоа што морало така да биде, така и било, но вас ви е секогаш приоритет Крајната Цел. Крајната Цел ја…


Со позитивното размислување добивате, СЕ ! Под Се, подразбираме буквално Се, бидејќи и кога губите, вие всушност добивате бидејќи преку поразот согледувате каде сте погрешиле, и уште поупорни продолжувате понатаму самоуверени дека тоа што морало така да биде, така и било, но вас ви е секогаш приоритет Крајната Цел. Крајната Цел ја постигнувате тогаш кога за посакуваното, го дадете вашиот максимум. Без разлика каков ќе биде резултатот од постигнатото, вие сте успеале, бидејќи тоа што всушност сте го можеле, тоа и сте го направиле. Кога ќе бидете задоволни од малку, тогаш секогаш ќе добивате многу !

Ќе добивате многу само ако размислувате позитивно секогаш. Со позитивноста што ќе ја ширите, ќе препознавате други позитивности кои ќе ја надополнуваат вашата. Од убавото може да ви биде само поубаво, а од лошото уште полошо. Секој сам избира, и секој сам одлучува. Самата позитивност зрачи, и кога ќе го почувствувате тоа зрачење, ваше е само да го прифатите и да почувствувате колку е убаво ако размислувате позитивно.

Немојте да се жалите никогаш. Со жалењето покажувате слабост кон себеси, и од тоа нема полошо. Секогаш бидете реални, бидејќи со реалноста ќе знаете на што сте, и ќе знаете како понатаму. Со позитивното размислување ја предизвикувате и среќата да ви биде поблиска, и колку попозитивно размислувате, толку и ќе си бидете посреќни. Кон секоја ситуација приоѓајте со решенија и одговори, за да никогаш не дојде ни како опција негативното размислување !

Правила за среќа

Вашата позитивност ќе ја чувствуваат сите кога постои, вашата позитивност докажува дека верувате во животот, иако тој понекогаш не верува во вас, и вашата позитивност ве штити од сите штетни размислувања, кои сакаат да надвладеат над позитивното. Во секој случај, позитивното е покорисна опција, бидејќи барате алтернативи, а со негативното само придонесувате да неубавото, биде уште понеубаво. Во животот доаѓаат моменти кога сте и потполно депримирани, скршени од болка, уништени од тага, и кога ќе дојдат тие моменти, тогаш морате да бидете нај издржливи !

Издржливоста ќе биде издржана, само ако не потклекнувате кога ќе дојдат и тие неубави моменти, а нема да потклекнувате бидејќи знаете дека животот е непредвидлив. Непредвидливоста не можете да ја предвидите, но можете спремни да ја дочекате. Спремноста е во вашата свест, која мора да остане свесна кога ќе биде тестирана вашата издржливост. Тестирањето ќе биде успешно само ако правилно влезете во тестот, правилно се однесувате, правилно се соочувате, и правилно излезете од него.

Правилноста е индивидуална, како што и непредвидливите неубави моменти се различни. Преку својата индивидуалност, станувате уште поиндивидуални, а воедно и позитивноста ви се зголемува се повеќе и повеќе. Кога позитивноста ви е на највисоко ниво, тогаш кој што сака нека прави, не ви може ништо. Не ви може затоа што секогаш ќе имате повеќе алтернативни решенија, а кога имате повеќе опции, тогаш Крај не постои !

Бидете позитивни, бидете свесни, бидете храбри, бидете одлучни, бидете свои, и кога ќе ги имате овие карактеристики, тогаш позитивното размислување ќе биде вашата светлост која ќе ви го осветлува животот кој што и си го живеете !

~ Зоки Илев ~


{fcomment}

Leave a Reply