Ако знаете зошто постоите, тогаш животот ќе го живеете на свој начин, и ќе ви биде многу едноставен. Сите во нас носиме нешта кои се применуваат после нас, или исчезнуваат засекогаш. Се применува она што ви го разубавува секојдневието, животот, душата ! За да дојдат до израз и за да заживеат оние нешта кои се во вас, треба да најдете свој начин како и тие нешта да живеат !

Нај едноставниот начин е да си ги…


Ако знаете зошто постоите, тогаш животот ќе го живеете на свој начин, и ќе ви биде многу едноставен. Сите во нас носиме нешта кои се применуваат после нас, или исчезнуваат засекогаш. Се применува она што ви го разубавува секојдневието, животот, душата ! За да дојдат до израз и за да заживеат оние нешта кои се во вас, треба да најдете свој начин како и тие нешта да живеат !

Нај едноставниот начин е да си ги искажувате вашите мисли, вашите замисли, вашите размислувања, и со еден збор се она што чувствувате да си го искажете. Со споделувањето дознавате колку е тоа прифатливо или неприфатливо. Ако е прифатливо го надоградувате, а ако не е прифатливо барате солуции за да биде прифатено. Понекогаш колку и да барате начини да успеете во замисленото, тоа е безуспешно. Кога ќе има такви моменти, тогаш оддалечете се од тоа, но не го заборавајте, и обидете се со нешто друго. Се што ве прави посреќни, нека биде дел од вашето секојдневие. Со применувањето на истото, вие разубавувате други секојдневија, а другите секојдневиjа други, и се така во недоглед !

Кога ќе се створи една компактност, тогаш секој нов ден ќе ви биде исчекување на посакуваното ! Компактноста се гради постепено и темелно, за да не може ниеден земјотрес да ја сруши. Земјотреси ќе има секогаш, тоа се знае, но треба да се знае дека и после нас, ќе има како нас кои свесно ќе ги дочекуваат истите тие земјотреси, и ќе градат, и градат, и градат, и градат, и градат …..

Ако бидеме единствени во градењето, тогаш сме неуништливи. За да бидеме единствени, треба да се соединуваме по области на посакувани нешта, и да бараме нови и нови истомисленици за нашата област. Барањето е едноставно бидејќи сродното се чувствува. Кога ќе почувствувате блискост во размислувањата, тогаш направете го првиот чекор и бидете уште поблиски. Откако станувате поблиски тогаш дознавате колку биле реални вашите проценки. Во зависност од возвраќањето, знаете како и што понатаму. Колку и да ве разубедуваат дека правите погрешни постапки, не смеат да ве пренасочат се додека сами не почувствувате дека грешите.

Животот е прекрасен

Додека верувате, верувајте, бидејќи како вие што ги замислувате нештата, никој друг исто не може да ги замисли. Замисленото може да постане реалност, единствено ако има дејствија, и колку повеќе дејствија, толку и поблиску ќе бидете до посакуваното. Кога посакуваното е попосакувано, толку и желбата кај вас ќе биде поголема за да успеете. Желбите никогаш немаат крај, и затоа треба да бидете умерени во вашите желби. Умереноста е во возможното постигнување на нив, и во сконцентрираноста на истите.

Ако животот го живеете како една игра која колку и да ја победувате, секогаш ја започнувате повторно од почеток, тогаш вие ќе бидете непобедливи засекогаш ! Непобедливоста е во истрајноста, непобедливоста е во упорноста, и непобедливоста е во храброста. Кога се чувствувате сигурни во себе, тогаш што и да ви се случува, вие спремно ќе возвраќате.

Немојте никогаш да дозволите друг да ви ги одредува вашите желби, немојте никогаш да дозволите друг да ги живее вашите желби, немојте да дозволите никој никогаш да си игра со вашиот живот бидејќи живеете за себе, и за оние кои што заслужуваат да бидат дел од вашиот живот.

Направете го животот Неповторлив, со тоа што вие ќе го Живеете него, а не тој Вас ! …..

~ Zoki Zokic ~


{fcomment}

Leave a Reply