Живот… Нешто што мора да се помине… Болка која секој ја доживува…
Рана… Која секој човек во себе барем една има…
Љубов… Само дел од живото на некои луѓе. 
Мојот живот пред и после една вечер… Чувствував Болка, тага, изнемоштеност, ми беше…

Живот… Нешто што мора да се помине… Болка која секој ја доживува… 
Рана… Која секој човек во себе барем една има… 
Љубов… Само дел од живото на некои луѓе. 
Мојот живот пред и после една вечер… Чувствував Болка, тага, изнемоштеност, ми беше смачено од животот кој го живеев. Мислевте имам се? Можеби имав се… Но дали ја имав среќата? Дали имав искрена прегратка со зборовите ТЕ САКАМ? Дали мојата љубов беше возвратена… или сепак само патев по нешто невозможно? Која бев јас Пред таа вечер? Што имав јас пред таа вечер?

Имав Само рането срце, само разболена душа Бев некој а сепак никој. Ме познаваа сите, но јас самата не се познавав… имав желба да сторам нешто со мене… А сепак ништо не правев… Седев со скрстени раце и чекав Божја милост! Чекав времето раната да ми ја заздрави… И како секогаш повторно наивно да се вљубам и во нечија прегратка солзи да леам… Да се жалам на своето минато… Да плачам за својата иднина мислејќи дека неможе да се измени, мислејќи дека да патам сум родена.

Но што се случи? Одеднаш нова личност во мојот живот. Личност која ми е толку блиска а сепак толко далечна. Личност за која знам се а сепак ми е мистерија, личност која остава трајни промени во мојот живот, промени кои јас ги сакам, промени кои ќе ги зараснат старите рани, кои ќе ја излечат болната душа и кои срцето пак ќе го направат цело. Но сега повторно не го давам, сега останува само за мене, сега се смејам на злото…

Можеби некогаш ќе плачев ако го изгубам онаа што ми беше како сестра… Сега го губам… Но дали плачам? Дали тагувам или се смејам на сет глас велејќи дека никој не ги заслужува моите солзи, велејќи дека никој не ги заслужува моите непреспиени ноќи… Која огромна промена… Сега знам која сум јас… Сега се познавам а никој од страна не ме познава, сега чувствувам дека сум моја само моја а не туѓа марионета, марионета која сите ја користеа за свои потреби…

Крај е со тоа… Завршено е со таков живот… Завршено со тој беден живот… Ставам Точка и крај… Продолжувам напред без љубов, болка и срам… продолжувам онака како што сакам и заслужувам…

За Ваков живот ти благодарамм…


{fcomment}

Leave a Reply