Сара пишуваше писма и никогаш не ги упатуваше на вистинската адреса… Некогаш одеше во старата пошта, кај стариот службеник со металните наочари и насмевката која секогаш како да висеше во безпросторноста…

Сара пишуваше писма и никогаш не ги упатуваше на вистинската адреса… Некогаш одеше во старата пошта, кај стариот службеник со металните наочари и насмевката која секогаш како да висеше во безпросторноста…

Сара пишуваше писма и никогаш не ги испраќаше…

Наместо маркица купуваше по едно плико и честитка… За момент се одалечуваше од шалтерот, го оствараше снежно белото плико, го вменуваше листот хартија на кој претходно неуморно пишуваше… честитката… и го затвараше… Со насмевка го одпоздравуваше стариот службеник, го закопчуваше тенкото палтенце и заминуваше кон својот дом….

Сара пишуваше писма и никогаш не ги испраќаше…

Неколку пати во месецот ја посетуваше старата пошта… Веќе им беше позната нејзината рутина, плико, честитка, насмевка и заминување… Tраеше со месеци… Се си течеше во својот вообичаен редослед… но, овој ден… беше поинаку…

Стариот службеник, подавајќи и го пликото и одбраната честитка, со извесна љубопитност во гласотт констатираше:
– „Среќник е тој, за кого ги одбираш сите овие честитки и писмата убаво спакувани…“.

Сара се насмевна, го смести писмото во белото плико и рече:
– „Јас пишувам писма… но не ги испраќам на вистинската адреса…“.

Службеникот ја подкрена главата во знак на прашање, а таа продолжи:
– „… ги собирам во пликоа да не ги изгужвам, да не ги изгубам…. на секое едно има датум… секоја една честитка подсетува на нешто… Еден ден ќе ги одвиткам, распакувам, и ќе ги наредам лист по лист, еден врз друг…. во книга… со наслов : Се што некогаш не успеав да ти кажам…

~ Пријателите на Дејан – Сања Бежовска ~


Leave a Reply