Еднаш, една жена ги полеваше цвеќињата во градината, кога виде тројца старци пред градината. Не ги познаваше, но им рече:

– „Мислам дека не ве познавам… 

Еднаш, една жена ги полеваше цвеќињата во градината, кога виде тројца старци пред градината. Не ги познаваше, но им рече:

– „Мислам дека не ве познавам, но ми се чини дека сте гладни. Повелете внатре ќе ви подготвам нешто да каснете.
“ Старците прашаа:
– „Дали е дома маж ти?“ „Не“ – одговори жената. 
– „Тогаш мора да си одиме“ – ѝ рекоа.

Вечерта, кога мажот ѝ се врати дома, жената му раскажа што ѝ се случи.
– „Сега можеш да им кажеш дека сум се вратил и покани ги внатре“ – рече мажот.
Жената замина да ги повика старците на вечера.
– „За жал, не можеме сите да го прифатиме вашата љубезна покана“ – ѝ рекоа старците.
– „Зошто не?“ – запраша изненадено жената. Еден од старците покажа со прстот:
– „Неговото име е БОГАТСТВО.
Потоа покажа на другиот:
– „Неговото име е УСПЕХ.
– „Моето име е ЉУБОВ.
– „Сега појди кај мажот ти и заедно одлучете кого од нас тројца ќе повикате внатре.“
Жената се врати во куќата и му раскажа на мажот што ѝ се случи. Мажот пресреќен рече:
– „Супер! повикај го БОГАТСТВО да ја наполни куќата со сѐ и сешто.“
Жената пак не беше задоволна со неговиот предлог:
– „Зошто да не го повикаме УСПЕХ?“
Разговорот меѓу нив го слушаше нивната ќерка и, полна со воодушевување, рече:
– „Зар не би било најдобро да биде повикан ЉУБОВ? Нашиот дом би бил исполнет со љубов!“

Родителите го послушаа советот од нивната ќерка.

– „Појди и замоли го ЉУБОВ да биде наш гостин“ – ѝ рече мажот на жената.
– „Кој е од вас ЉУБОВ? Ве молам нека тој биде наш гостин.“

ЉУБОВ седеше мирно во својата инвалидска количка и жената го однесе во својот дом. Другите двајца старци тргнаа по нив. Зачудената жена запраша зошто сега идат и БОГАТСТВО и УСПЕХ, кога таа го повика само ЉУБОВ? Старците во еден глас одговорија:

„Да ги повикаше БОГАТСТВО или УСПЕХ, другите двајца ќе заминеа. Но, ти го повика ЉУБОВ.

Каде оди ЉУБОВТА ние ја следиме насекаде.“

Поука:Таму каде има љубов, таму секогаш доаѓаат богатството и успехот.

{fcomment}

Leave a Reply