Болно е, нели?! Чувствуваш дека ме има, а не сум тука. Џабе бесно ги превртуваш чаршафите… Сама си… Или можеби си со некој кој што ти е свртен со грб, и неодоливо те потсетува на мене…
Болно е, нели?! Чувствуваш дека ме има, а не сум тука. Џабе бесно ги превртуваш чаршафите… Сама си… Или можеби си со некој кој што ти е свртен со грб, и неодоливо те потсетува на мене… Кога тој ќе ти се заврти, гледаш дека ни одблизу не личи на мене. …
И што? Ќе си заминеш од неговиот кревет, и ќе продолжиш да ме бараш? Или ќе станеш и во мислите ќе ме гледаш? И откако ќе ги отвориш очите…Што тогаш?
Повторно проклето разочарување…
Се облекуваш и си заминуваш !!!