Нејзиниот татко бил кувар по занимање. Ја зел со себе во кујната, зел три лонци, ги наполнил со вода и ги ставил на шпорет. За кратко време водата во лонците почнала…
Нејзиниот татко бил кувар по занимање. Ја зел со себе во кујната, зел три лонци, ги наполнил со вода и ги ставил на шпорет. За кратко време водата во лонците почнала да врие. Во првиот лонец ставил морков, во вториот јајце и во третиот неколку зрна кафе. Ги оставил така да се варат некое време, а потоа ги извадил од водата и ги ставил на маса морковот, јајцето и зрната кафе. Ја погледнал ќерката и ја прашал што гледа.
– Гледам морков, јајце и зрна кафе – одговорила таа.
Побарал од нејзе да го допре морковот и таа го допрела па почувствувала колку е мек и ронлив. Побарал да го разгледа јајцето и таа го зела во рацете, го излупила и видела како внатре јајцето е тврдо варено. И рекол да ги допре зрната кафе и таа ги зела во рацете, видела дека се тврди, ги помирисала и се насмевнала од пријатната миризба.
-Но што значи ова? – го прашала девојката својот татко.
– Еххх ќерко драга… тоа значи дека морковот, јајцето и зрната кафе поминаа низ една иста ситуација, борејќи се со еден ист непријател – водата што врие, но секој од нив, на различен начин му се спротивставува на непријателот.
Морковот беше тврд и силен, но многу брзо ослабе и омекна во водата што врие. Јајцето беше заштитено со лушпата, но не за долго. Во врелата вода од течна се претвори во тврда состојба. Додека кафето пак, сосема е поинакво. Зрната останаа сосема исти како и на почетокот, но таа успеа да ја промени водата што врие! А Ти?
– Дали си морков, наизглед цврста, силна, но штом наидеш на проблеми и потешкотии во животот, слабееш, ја губиш силата?
– Или си јајце можеби, со меко срце кое кога наидува на проблеми, станува тврдо? Твојата надворешност не се менува, но се менува твојата внатрешност така што срцето ти станува тврдо, горко и ровито?
– Или пак можеби си кафе, кое при извор на болки, ја менува водата што врие, ја прави повкусна и и дава пријатна арома?
Размисли ќерко моја, како ќе се соочуваш со животните проблеми и тешкотиите на овој свет, како морковот, јајцето или зрната кафе?